Јазиците во Босна и Херцеговина е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на државата. Босна и Херцеговина е тројазична држава, каде мнозинското население зборува на еден од трите јазика.
Службени јазици На територијата на Босна и Херцеговина службени јазици се босанскиот, српскиот и хрватскиот јазик.За Босна и Херцеговина , bhas.ba Сите три јазици се многу слични и меѓусебно разбирливи на највисоко ниво. Официјални писма се и кирилицата и латиницата."Босна и Херцеговина - Политика за употреба на јазик и писмo во агенцијата за државни служби'' Пристапено 19.08.20. Во Федерацијата Босна и Херцеговина трите јазика се именуваат со своите матични имиња, а во другиот ентитет на Босна и Херцеговина, Република Српска, се именуваат како „јазикот на српскиот народ, јазикот на босанскиот народ и јазикот на хрватскиот народ“. Српскиот и босанскиот рамноправно користат и кирилица и латиница, а хрватскиот само латиница. Сите три јазика се засноваат на штокавското наречје на српскохрватскиот.
Босански јазик
Босанскиот, или бошњачки, (bosanski, босански) е мајчин јазик на Бошњаците и еден од трите официјални јазика на Босна и Херцеговина. Јазикот, покрај во Босна, се зборува и во Србија (Санџак), Црна Гора, и во помал број во Косово, Македонија и во бошњачката дијаспора. Јазикот рамноправно користи и кирилица и латиница, иако втората е почесто користена. Јазикот, според поголем број јазичари, се смета за една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик. Јазикот во БиХ го зборуваат најмногу до 2 милиони луѓе (според проценките), бидејќи нема попис со кој точно би се определил бројот на говорници во БиХ.
Српски јазик
Српскиот јазик (srpski, српски) е мајчин јазик на Србите и еден од трите официјални јазика во БиХ. Во БиХ се проценува дека до 35% од населението зборува на српски (не е точна бројка, проценка е, бидејќи нема попис). Покрај во БиХ, јазикот е службен и во Србија, каде е национален јазик, на Косово, а се зборува и во Црна Гора, Хрватска, Македонија и останатите делови каде српскиот е малцински јазик. Српскиот рамноправно се пишува и на кирилица и на латиница. Јазикот, според поголем број јазичари, се смета за една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик.
Хрватски јазик
Хрватскиот јазик е мајчин јазик на Хрватите и еден од трите официјални јазика во БиХ. Покрај во БиХ, хрватскиот е национален и службен јазик во Хрватска. Покрај во овие две земји, јазикот се зборува и во Србија (Срем), Црна Гора, Словенија, и во делови од Унгарија. Во БиХ се проценува дека јазикот го зборуваат до 17% од населението (нема точни бројки, бидејќи нема попис во БиХ). Јазикот, според поголем број јазичари, се смета за една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик.
Останати јазици Малубројните малцински групи во БиХ зборуваат на своите јазици, меѓу кои застапени се ромскиот, албанскиот, македонскиот и други.
Странски јазици Главни странски јазици кои се изучуваат во државата се англискиот, германскиот и францускиот. Најзборуван меѓу нив е англискиот.
Наводи
Поврзано Демографија на Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
*