Лакотната коска () е една од долгите коски кои заедно со палечната коска (латински: radius) ја создаваат подлактицата. Лакотната коска е пократка од палечната коска. Делови На лакотната коска се разликуваат: тело (); горен крај составен од два коскени израстоци: преден лакотен израсток (); заден лакотен израсток (); долен крај составен од: глава (); шилчест израсток (). Зглобови Лакотната коска преку коскените израстоци се зглобува со макарата () од хумерусот, се зглобува со главата од палечната коска, латерално главата од лакотната коска се зглобува со долниот коскен засек од палечната коска и на долниот крај главата преку врска се спојува со една од коските на коренот на шепата. Кај животните Кај четириножните животни товарот од телото паѓа на лакотната коска, а кај повеќето цицачи лакотната коска е споена со палечната коска и затоа не може да постои како посебна коска. Галерија
Надворешни врски
Категорија:Анатомија Категорија:Коски