Ликвидносен ризик (англиски: liquidity risk) е ризикот од тоа фирмата или банката да не може да обезбеди доволно парични средства за измирување на своите краткорочни обврски во моментот на нивното достасување, или потребните средства да ги обезбеди со многу повисоки трошоци.НБРМ, „Одлука за управувањето со ликвидносниот ризик на банките“, Службен весник на РМ, бр.126/2011 Ликвидноста на банката може да се дефинира и како нејзина способност во рок да ги подмири сите свои достасани обврски.Љупчо Трпески, Банкарство & Банкарско работење, Скенпоинт, 2009, стр. 325. Базелскиот комитет ја дефинира ликвидноста како способност да се финансира зголемувањето на активата и навременото испалаќање на обврските што треба да достасаат.Basel Committee on Banking Supervision (2000), „Sound practices for managing liquidity in banking organizations“, Basel, стр. 1. Според друга дефиниција, ликвидносниот ризик ја претставува опасноста да не се биде способен да се платат обврските, доколку тоа е проследено со неповолни последици.Rudolf Duttweiler, Managing Liquidity in Banks: A top down approach. Chichester, UK: John Wiley & Sons, 2009, стр. 10.

Принципот на ликвидност во банкарството Банката, по правило, работи и располага со туѓи извори на средства, како што се депозити на претпријатија, штедни влогови на население, понатаму, користени кредити за ликвидност од домашни банки, користени странски кредитни линии, прибрани средства брз основа на издадени сопствени хартии од вредност и сл. Исто така, банката е носител и на платниот промет во земјата и по таа основа ги отвора и води сметките на учесниците во платниот промет и врши плаќања преку сметките. Секако дека вака прибраните средства, банката е должна да ги врати на своите клиенти, според договорените услови. Доколку пак, станува збор за депозити по видување, кои не се орочени и кои, по правило, можат да бидат повлечени од банката во кој било момент, банката треба да биде способна тоа да го стори во целост.Љупчо Трпески, Банкарство & Банкарско работење, Скенпоинт, 2009, стр. 325

Ликвидносниот ризик е ризикот за профитот или капиталот поврзан со способноста на банката да ги исполни своите обврски кон депонентите и потребите на кредитобарателите преку претворање на средствата во готовина и брзо, без загуби, да бидат способни да позајмуваат средства кога е тоа потребно.Benton E. Gup and James W. Kolari, Commercial Banking: the management of risk, John Wiley & Sons, Inc., 2005, стр. 12 За избегнување на проблемите со ликвидноста, банката може да чува ликвидна актива.Barbara Casu, Claudia Girardone, Philip Molyneux, Introduction to banking, Pearson Education Limited, 2006, стр. 296 Според тоа, ако банката поседува поголем износ ликвидни средства, таа е изложена на помал ликвидносен ризик.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 65 Меѓутоа, зголемената ликвидност си има своја цена. Постои балансирање меѓу ликвидноста и профитабилноста, бидејќи, колку е поликвидна активата, толку е пониска стапката на поврат. Наместо да чува ликвидни средства, банката може да реализира попрофитабилни заеми. И покрај трошоците, чувањето ликвидна актива е неопходно бидејќи со тоа:Barbara Casu, Claudia Girardone, Philip Molyneux, Introduction to banking, Pearson Education Limited, 2006, стр. 296-297 кредиторите се уверуваат дека банката е безбедна и способна да ги исполнува своите финансиски обврски; се праќа сигнал до пазарот дека банката е внимателна и дека со нејзе добро се раководи; се гарантира реализација на сите заемни обврзувања; се избегнува принудна продажба на активата на банката; се избегнува принуденоста да се плаќаат прекумерни трошоци за подигање заеми на меѓубанкарските пазари; и се избегнува подигањето заем од централната банка. Значењето на ликвидноста ги надминува границите на поединечната банка бидејќи кусокот на ликвидност во само една институција може да има реперкусии низ целиот систем.

Видови ликвидносен ризик Вообичаено се прави разлика меѓу два вида ризик поврзан со ликвидноста:Barbara Casu, Claudia Girardone, Philip Molyneux, Introduction to banking, Pearson Education Limited, 2006, стр. 265 секојдневен ризик поврзан со ликвидноста криза со ликвидноста

Секојдневниот ризик поврзан со ликвидноста се однесува на дневните повлекувања. Ова обично е предвидливо бидејќи само мал процент од депозитите на банката ќе се повлече во определен ден. Криза со ликвидноста настанува кога депонентите побаруваат поголеми повлекувања од вообичаеното. Во ваква ситуација, банките се принудени да подигаат заеми во финансиски средства по зголемена каматна стапка, повисока од пазарната стапка што останатите банки ја плаќаат кога подигнуваат заеми. Ова обично е непредвидливо и може да се должи или на недостиг од доверба во конкретна банка или на некоја неочекувана потреба за готови пари. Кризите со ликвидноста во крајна линија можат да ја попречат способноста на банката да ги отплатува сопствените обврски, ситуацијата може да резултира дури и со инсолвентност на банката.Barbara Casu, Claudia Girardone, Philip Molyneux, Introduction to banking, Pearson Education Limited, 2006, стр. 265.

Исто така, ликвидносниот ризик може да се подели на два вида:Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 15-16.Drehman, M. and Nikolaou, K. (2010), “Funding liquidity risk: definition and measurement”, BIS Working Papers No. 316. Ликвидносен ризик од финансирање. Тоа е ризикот дека банката нема да биде способна да ги исполни потребите поврзани со сегашните и идни готовински текови и обезбедување колатерал без да изврши влијание врз своите дневни активности или финансиска состојба. Според Меѓународниот монетарен фонд, ликвидносниот ризик од финансирање ја доловува неспособноста на финансискиот посредник да ги сервисира своите обврски како што достасуваат. Останатите дефиниции на ликвидносниот ризик од финансирање вобичаено вклучуват и временски хоризонт, односно веројатност да се стане неликвиден, која вобичаено се мери за однапред одреден период и значително се разликуват во зависниот од должината на тој временски период. Пазарен ликвидносен ризик. Тоа е ризикот дека банката нема да може лесно да надомести или да продаде одредена позиција од својот биланс на состојба без да предизвика загуба, поради несодветна длабочина на пазарот. Со други зборови, пазарниот ликвидносен ризик се однесува на неможноста да се изврши непосредна продажба на средството без поголема загуба во неговата вредност.

Според друга поделба, може да се зборува за четири вида ликвидносен ризик:Rudolf Duttweiler, Managing Liquidity in Banks: A top down approach. Chichester, UK: John Wiley & Sons, 2009, стр. 3. ризик од отповикување (call liquidity risk) - опасноста од предвремено откажување (повлекување) на депозитите или предвремена отплата на кредитите од страна на клиентите. рочен ликвидносен ризик (term liquidity risk) - отстапување од стварната отплата во однос на договорената, на пример, отплата на кредитите подоцна од договорениот рок. ликвидносен ризик при финансирањето (funding liquidity risk) - ако средството не е соодветно финансирано, неговото натамошно финансирање може да се случи во неповолни услови (на пример, со повисок трошок) пазарен ликвидносен ризик (market liquidity risk) - намалената способност за продажба на средствата на пазарот поради неповолни услови.

Кога се зборува за ликвидносниот ризик треба да се има предвид и ризикот од концентрација на депозитите на клиентите. така, согласно НБРМ, нивото на концентрација го претставува односот помеѓу просечниот износ на депозитите по видување и трансакциските сметки на дваесетте депоненти на банката со најголемо учество во просечниот износ на вкупните депозити.НБРМ, „Одлука за ликвидносниот ризик“ Концентрацијата може да се анализира и следи и преку број на индустрии, земји, старосни групи итн. Поголемиот степен на концентрација може да има сериозни последици врз профитабилноста на банката, доколку портфолиото на одредена категорија има слаби перформанси.

Понуда и побарувачка на ликвидност Притисоците поврзани со ликвидноста можат да настанат на обете страни од билансот на состојба. На страната на пасивата, неочекувано големите повлекувања готови пари може да предизвикаат појава каде што солвентните банки ќе имаат проблеми со ликвидноста. На страната на активата, проблеми со ликвидноста може да бидат предизвикани од неочекувано високи нивоа на неисполнување обврски по заеми и со неочекуваното повлекување кредитни линии од страна на клиентите. Притисоци поврзани со ликвидноста може да произлезат и од вонбилансни активности како на пример, од проблеми во платниот систем.Barbara Casu, Claudia Girardone, Philip Molyneux, Introduction to banking, Pearson Education Limited, 2006, стр. 296.

Секојдневно, банките извршуваат различни трансакции што имаат непосредно влијание врз нивната ликвидност. Притоа, некои трансакции се јавуваат како извори на ликвидност, додека други создаваат потреби од ликвидни средства. Така, како најважни извори на ликвидност кај банките се јавуваат приливот на депозити од страна на депонентите и отплатата на одобрените кредити од страна на должниците. Во продолжение, како извори на ликвидност се јавуваат и приходите што банките ги остваруваат од продажбата на различни недепозитни услуги (платен промет, менувачко работење, брокерски услуги, чување на имот итн.). Најпосле, банките ја обезбедуваат својата ликвидност и преку продажба на своите средства и позајмување на финансиските пазари. Од друга страна, потребите на банката за ликвидност вообичаено произлегуваат од следниве две групи активности: прво, повлекувањето депозити од страна на депонентите и второ, новите кредитни барања од страна на клиентите. Во првиот случај, секое повлекување на депозитите веднаш го намалува расположливиот износ на парични средства на банката. Во вториот случај, кога банката примила барање за одобрување кредит од страна на кредитоспособен клиент, тоа создава потреба од обезбедување парични средства за задоволување на кредитното барање.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 177-178.

Табела број. 1: Извори и употреба на паричните средства во банкитеГоран Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 178. Извори на ликвидност Потреби за ликвидност Прилив на депозити Повлекување депозити Наплата на одобрени крeдити Нови кредитни барања Приходи од недепозитни услуги Отплата на користени кредити Продажба на средства Обврски врз основа на издадени хартии од вредност Позајмување на финансиските пазари Исплата на даночни обврски Исплата на фактури и сметки Исплата на дивиденди

Ликвидносна состојба на банката Изворите на понуда и побарувачка на ликвидност ја определуваат вкупната ликвидносна состојба на банката.Така, нето-ликвидносната позиција (net liquidity position) претставува разлика меѓу вкупните извори на ликвидност (понуда на ликвидност) и вкупните потреби за ликвидност (побарувачка на ликвидност). Ако понудата на ликвидни средства е поголема од побарувачката за ликвидност, тогаш банката се соочува со вишок на ликвидност (liquidity surplus). Обратно, ако изворите на ликвидност на банката се помали од нејзините потреби за ликвидност, тогаш таа се одликува со недостиг на ликвидност (liquidity deficit).Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 178

Управување со ликвидносниот ризик на банките Под управување со ликвидносниот ризик се подразбира управување со активата и пасивата така, што ќе се овозможи навремено и редовно плаќање на обврските, во нормални или во вонредни услови на работење на банката.„Одлука за управувањето со ликвидносниот ризик на банките“, Службен весник на РМ, бр.126/2011

Пристапи за процена на ликвидносниот ризик