Локална анестезија претставува прекин на болните импулси со помош на физичко-хемиска блокада на која и да било точка по должината на нервниот пат на периферниот нерв.Според применетата техника разликуваме различни локални анестезии.Зависно од местото на анестетичкото дејство на употребениот анестетикум, разликуваме:
Површна анестезија При оваа анестезија со мачкање,капење или посипување се постигнува обезболување.Се применува на слузниците на носот, грлото, окото, дишните патишта, утретрата и др.За оваа анестезија се употребуваат кокаин (4--20% раствор), пантокаин (0,5--2% раствор) и нуперкаин (0,5--1% раствор), со додавање на вазоконстриктивно средство.На здрава кожа нема никакво дејство. Инфилтрациона анестезија При оваа анестезија, растворот на анестетичкото средство во ткивата се инфилтрира со инјектирање. Се употребуваат раствори во ампули, шишиња или свежо подготвени раствори со определена концентрација. Најчесто се употребуваат новокаинот, прокаинот, ксилокаинот.Постојат две можности за инфилтрациона анестезија. Со едната средството, од површината во длабочината се инјектира плански слој по слој, а кај втората инјектирањето станува од длабочината кон површината. Инфилтрационата анестезија во вид на квадрат, ромб или друга форма околу оперативното поле.За побавна ресорпција се додава вазоконстриктно средство. Спроводна анестезија Се врши апликација на анестетичкото средство, обично во поконцентриран раствор, директно во нервот или плексусот (група на нерви) или во нивна непосредна средина.Се употребува 2% раствор на новокаин, ксилокаин, или 1% раствор на нуперкаин.Може да се блокира секој нерв на телото, а услов е доброто познавање на томографската анатомија, т.е. местото каде најлесно може да се дојде до нервот или плексусот.Анестезијата настанува по 20–30 min.Видови спороводна анестезија се: Блокада на plexus brachialis Блокада на горниот алвеоларен нерв Блокада на инфраорбиталниот нерв Блокада на долниот алвеоларен нерв Блокада на менталниот нерв Паравертебрална анестезија Пресакрална (парасакрална) анестезија Лумбална (спинална) анестезија Епидурална анестезија Сакрална анестезија Интравенозна регионална анестезија Рефригерациона анестезија