мини|Леден хотел Ледениот хотел се прави во ноември во северните и ладни земји како на пример Шведска и Канада, а се затвора на почетокот на пролетта кога времето се стоплува и почнува да се топи. Хотелот од мраз е привремена градба направен од снег, блокови од мраз и челична основа. Има специјални понуди и особини за оние кои сакаат да го посетат и кои се заинтересирани за новитети и необично опкружување. Сите соби и ходници во хотелот се исполнети со различни скулптури од мраз, па дури и најмали детали како чашите и садовите. Ваквите хотели се реконструираат секоја година и се зависни од ниските температури во текот на нивната изградба. Конструкцијата на хотелот се држи со помош на супстанца, таканаречена сник, која го заменува малтерот.

Најпознати ледени хотели Ледениот хотел во Јукасјерви, Кируна, Шведска Ледениот хотел во Лак Сан Жозеф, Квебек, Канада

Категорија:Хотели Категорија:Туристичко сместување