Пене () — река во Германија. Вестпене, Клајне Пене и Остпене се влеваат во Кумеровското Езеро и оттаму продолжуваат како Пене до Анклам и се влеваат во Шчеќинскиот Залив.

Долината на Пене е најголемо непрекинато мочуриште во Европа.Peenetal / Peene-Haff-Moor at www.bfn.de. Благодарение на нејзината дивина и недопрена природа, реката Пене и нејзината долина често е нарекувана како „Амазон на Северот“.Peene: Paddeln auf dem Amazonas des Nordens (Spiegel Online)

Западниот ракав на реката Одра, која го одвојува островот Узедом од германското копно, често е исто така нарекувана Пене, но всушност тој дел од Балтичкото Море е наречен Пенештром. Тој е еден од трите канали, кои го поврзуваат Шчеќинскиот Залив со Поморскиот Залив во Балтичкото Море (другите канали се Швина и Ѓивна).

Поголеми градови кои се наоѓаат на течението на реката се Волгаст, Тетеров, Демин и Анклам.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Здружение за природна заштита на долината на Пене

Категорија:Реки во Мекленбург-Западна Померанија