Грнчари — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мренога. Претставува населба, некропола и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа на 3 км источно од селото, каде на зарамнето плато во нива на месен жител има множество фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, како и големо количество згура од топено железо, а во нејзиниот долен дел се откриени повеќе гробови.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Боричино — населба и некропола од рисмко време; Калуѓерица — осамен наод од римско време; Бела Земја — некропола од доцноантичко време; Средно Селиште — населба и топилница од доцноантичко време; Мренога; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Мренога Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на топилница