Боричино — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мренога. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 500 м западно од селото и на 100 м од патот, на простор од околу 2 ха, ка де во нивите на месни жители се среќаваат множество остатоци од населба и некропола. При орањето мештаните наидувале на темели од ѕидови на објекти. Еден жите тука откопал гроб со конструкција од камени плочи, во кој нашол керамички сад, белезици од бронза и прстен. Во наоѓалиштето е најдена и скулптура со мали димензии, која е однесена во Заводот и музеј во Битола. Наодите од гробот биле загубени.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Средно Селиште — населба и топилница од доцноантичко време; Калуѓерица — осамен наод од римско време; Бела Земја — некропола од доцноантичко време; Грнчари — населба, некропола и топилница од доцноантичко време; Мренога; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Мренога