Трајан Белев - Гоце ( во Ѓавато ― во Кленоец) македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Трајан уште од рано детство бил принуден да работи за издржување на фамилијата. Кога имал 18 години, заминал на печалба во Франција, а потоа и во САД. Трајан Белев бил редовен на сите митинзи каде се манифестирала солидарноста со Советскиот Сојуз. Трајан сакал илегално да замине за Советскиот Сојуз, меѓутоа бил откриен и како непожелен протеран од САД. Белев не само во Ѓавато туку и во соседните села агитирал против профашистичкиот режим на Стојадиновиќ.

За време на окупацијата станал и секретар на Реонскиот комитет на Први реон, потоа и илегалец но во реонот секаде се чувствувало неговото присуство. Активноста на Трајан го истакнала до тоа да биде член на Оперативниот штаб на Втората оперативна зона и комесар по снабдување. По формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, Белев ја имал должноста заменик комесар на баталјонот. Во една од многубројните акции против балистичките сили кај Кленоец (Кичевско), Трајан Белев-Гоце загинал на 6 октомври 1943 година.

Наводи

Надворешни врски Gjorgi Dimovski–Colev, "Trajan Belev – Goce" На денешен ден убиен е Трајан БЕЛЕВ Гоце, учесник во НОВ

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Ѓавато (Битолско) Категорија:Учесници во НОБ