Супервизија (англиски: Supervision) претставува процес на следење на работењето на банките со цел да се обезбеди почитувањето на прописите, нивната финансиска стабилност (ликвидност и солвентност) и да се зачува стабилноста на финансискиот систем во целина. Банкарската супервизија се спроведува од страна на владините регулатори со цел да се спречи пропаѓањето на банките.Your dictionary, Bank supervision

Поим за супервизија на банките Супервизијата е тесно поврзана со регулацијата, но овие два поима означуваат различни нешта.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 58. Всушност, со регулацијата се донесуваат законски и подзаконски прописи, акти што се однесуваат на различни аспекти на банкарското работење, како што се големината на капиталот организациската структура на банките, активностите кои банките можат да ги извршуваат, управувањето со ризиците и слично. Со супервизијата се врши надзор на работењето на банките со цел да се оцени нивната сигурност, стабилност, како и да се процени дали тие ги почитуваат поставените регулативни правила. Регулацијата и супервизијата се поврзани во смисла на тоа дека се извршуваат од страна на иста институција – централна банка, која ги носи регулативните правила и принципи, а потоа врши перманентен надзор за да утврди дали банките ги почитуваат нив.

Постојат два пристапа во извршувањето на супервизијата: според едниот, супервизијата ја извршува централната банка, а според другиот таа е во надлежност на посебна државна агенција, надвор од централната банка. Притоа, во 2006 година, од 143 централни банки во светот, 50 не вршеле супервизија, 29 централни банки имале делумна надлежност во супервизијата (заедно со некоја друга агенција), додека 64 централни банки целосно ја извршувале супервизијата.Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 70. Во однос на прашањето, дали централната банка треба да биде надлежна за супервизијата на банките постојат различни гледишта: од една страна се смета дека, заради својата положба, централната банка има доволно информации, експертиза и надлежности да ја извршува супервизијата, а освен тоа, преку супервизијата таа добива информации и за другите финансиски институции и пазари и така може да се грижи за финансиската стабилност; од друга страна, поради појавата на финансиските конгломерати и исчезнувањето на границите меѓу банките и другите финансиски институции, се смета дека централната банка (која е надлежна и способна само за супервизија на банките) не може да го опфати целиот финансиски систем. Исто така, се наведуваат и други аргументи против оставањето на супервизијата во рацете на централната банка:Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 72-76. постои конфликт на интереси меѓу супервизијата на банките и монетарната политика, зашто соочена со лоша состојба на банкарскито сектор, централната банка би можела да ја олабави монетарната политика и со тоа само да ги зголеми ризиците од појава на финансиска нестабилност. во случај на пропаст на финансиските институции (поради несоодветна супервизија) може да се намали кредибилитетот на целата централна банка. супервизијата подразбира поинаков вид одговорност и поинакви односи со политичарите, што би можело да ја намали независноста на централната банка. централната банка би можела да ја злоупотреби својата функција на позајмувач во краен случај така што ќе им даде заем на лошите банки со цел да ги прикрие слабостите во супервизијата.

Ограничувања на големите изложености Банките можат да бидат ограничени од тоа да имаат непромислено големи кредитни изложености кај поединечните клиенти и групи на поврзани договорни страни. Таквото ограничување може да се изрази како процент на средства или капитал на банката, како и различни ограничувања може да се применат врз основа на одржаната безбедност и/или кредитниот рејтинг на другата страна. Ограничувањето на непропорционална изложеност на високоризични инвестиции ги спречува финансиските институции од ставање на имателите на акции (како и на фирмата) на непотребен ризик.

Супервизијата во Македонија Банкарската супервизија како концепт во Македонија се појавила во втората половина на 1992 година, во времето кога банкарскиот систем почнал да се реформира, т.е да се трансформира во пазарно ориентиран банкарски систем. Дотогаш функционирале т.н инспекциски контроли, кои биле заменети со супервизорска контрола и стандарди за работењето на банките и штедилниците.

Овластен супервизорски орган на депозитните институции во Македонија е Народната банка на Република Македонија, која освен супервизор е и регулатор. Согласно Законот за Народна банка на Република Македонија и Законот за банките, Народната банка на Република Македонија е единствената супервизорска агенција надлежна за лиценцирање на банките и штедилциите во Република Македонија, како и вршење супервизија на нивното работење. Основа цел на Народната банка на Република Македонија при извршувањето на супервизорската функција е одржување на сигурен и стабилен банкарски систем и заштита на интересите на штедачите и другите кредитори кои имаат вложено сопствени средства во банките. Во извршувањето на супервизорската функција Народната банка на Репубика Македонија применува низа супервизорски стандарди кои засноваат на меѓународните стандарди и практики воспоставени од стана на Базелскиот комитет за банкарска супервизија.Закон за Народна банка на Република Македонија, Службен весник на Република Македонија бр. 158/10, 123/12 и 43/14.

Преку супервизијата, Народна банка на Република Македонија ја оценува сигурноста, стабилноста, ризичноста и усогласеноста на работењето на банките со прописите. Посебен акцент се става на квантификација и следење на изложеноста на банките на различни видови ризици како што се: кредитен ризик, ликвидносен ризик, оперативен ризик, валутен ризик и други ризици. Банкарската супервизија ја оценува соодветноста на воспоставените процедури и системи од страна на банките кои се користат за идентификување, мерење, следење и контрола на ризиците.НБРМ (пристапено на 13.4.2014)

Поставеност на супервизорската функција Народната банка на Република Македонија супервизорската функција ја извршува преку: вонтеренско следење на работењето на банките и штедилниците; лиценцирање на банките и штедилниците во согласност со одредбите од Законот за банките регулирање на работењето на банките и штедилниците во рамки на надлежностите дадени со Законот за банките; непосредна теренска контрола на банките и штедилниците од аспект на ризици; непосредна теренска контрола на банките и штедилниците од аспект на усогласеност со прописите; одржување на контакти со членовите на органите на банката и со друштвата за ревизија и соработка и размена на податоци и информации со други супервизорски органи.Презентација на супервизорската функција на НБРМНБРМ, Одлука за начинот на вршење на супервизија и надзор, Службен весник на РМ бр. 31/2008.

Начинот на кој банката управува со ризиците се утврдува врз основа на интерно развиени процедури, согласно усвоена методологија на НБРМ, кои овозможуваат проценка на претходно наведените елементи. НБРМ користи три скалила за оценка на преземеното ниво на ризик: силно, задоволително и слабо. Врз основа на матрици на вкрстување на нивото на ризик и на начинот на кој банката управува со ризикот се добива агрегатното ниво на ризик , а агрегатното ниво на ризик ставено во комбинација со утврдената насока на ризик го дефинира типот и тежината на супервизорските активности во текот на наредните 12 месеци.НБРМ

Содржина и опфат на супервизијата Со вршењето на супервизијата на банките, Народна банка ја оценува сигурноста, стабилноста, ризичноста и усогласеноста на работењето на банката со прописите преку: оценка на способноста на банката за управување со ризиците, вклучувајќи ја кадровската, организациска и техничката опременост за извршување на банкарските и финансиските активности; оцена на адекватноста на капиталот на банката, согласно со утврдениот ризик и способноста на банката да управува со ризиците; оценка на деловната политика и стратегија на банката; контрола на организацијата и начинот на водење на трговските книги, деловната и сметководствена дукументација, од аспект на нивната точност, ажурираност и веродостојност, примена на прописите за сметководство и сметководствените стандарди, како и тоа дали банката ги составила финансиските извештаи во согласност со важечките прописи за финансиско известување; контрола дали извештаите и податоците што банката ги доставува до Народната банка се доставени во рамки на пропишаните рокови и дали се составени во согласност со прописите кои го регулираат работењето на банките; оценка дали банката ги исполнува условите за вршење банкарски и финансиски активности, како и усогласеноста на работењето на банката со дозвола за основање и работење, интерните акти на банката и прописите донесени од страна на НБРМ и други надлежни институции и органи; проверка и потврдување на функционирањето на системот на интерни контроли, системот на коропоративно управување, системот за спречување перење пари и системот на банката за известување на раководството (менаџмент информативниот ситем); оценка на изборот и начинот на вршење на ревизија од стана на друштво за ревизија, како и извештајот за извршена ревизија на работењето и на годишните финансиски извештаи на банката; оценка на работењето и ефикасноста на внатрешната ревизија; оценка на примената на стандардите за информативна сигурност и планот за континуитет во работењето.

Супервизорски стандарди Во извршувањето на своите активности, банките се должни да ги почитуваат пропишаните супервизорски стандарди кои имаат за цел ограничување на банкарските ризици. Основните супервизорски стандарди за работењето на банките, коишто се прифатени и воспоставени од страна на Народна банка на Република Македонија, произлегуваат од препораките дадени од страна на Базелскиот комитет за банкарска супервизија и Европските директиви. Како најзначајни треба да се издвојат: адекватност на капиталот, односно одржување на адекватно ниво на капитал кое ќе овозможи покривање на ризиците на кои се изложени банките во текот на своето работење. Стапката на адекватност на капиталот, како однос помеѓу сопствените средтсва и активата пондерирана според ризикот, не може да биде пониска од 8%; критериуми за класификација на активните билансни и вонбилансни ставки според степенот на нивната ризичност и вршење на исправка на вредност, односно издвојување на посебна резерва за обезбедување од потенцијалните и/или настанатите загуби; лимити на изложеност како однос помеѓу вкупните билансни и вонбилансни побарувања спрема лице и со него поврзаните лица, вложувањата во хартии од вредност издадени од тоа лице и капиталните вложувања во тоа лице и сопствените средства на банката; лимити за изложеност спрема валутниот ризик и начинот на управување; лимити за ограничување на вложувањата на банка во земјиште, згради, опрема и капитални делови.

Поставеност на супервизорската функција на НБРМ Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност е под надлежност на генералниот директор и супервизорскиот комитет, а додека пак под овој сектор спаѓаат и: Дирекција за финансиска стабилност и банкарска регулатива со: Отсек за финансиска стабилност Отсек за банкарска регулатива Дирекција за вонтеренска супервизија и лиценцирање со: Отсек за вонтеренска супервизија Отсек за лиценцирање и корективни мерки Отсек за регулаторно известување и административни работи Дирекција за теренска супервизија со: Отсек за теренска супервизија на ризици Отсек за контрола на усогласеност со прописите на банки, штедилници и небанкарски институции.

Супервизорската функција се остварува преку: