Бедрената коска () е најголемата коска на карлицата и влегува во состав на зглобната чашка (). Делови На бедрената коска се разликуваат: масивен дел или тело () што го гради покривот од ацетабулумот; крило () претставува горен плочест дел; илијачна јама () се наоѓа на внатрешната страна од крилото и служи за поврзување на истоимениот мускул; зглобна површина () наликува на уво и служи за поврзување со сакрумот; гребен () претставува завршен дел на крилото; горен преден шилец () се наоѓа на предниот крај од гребенот; заден шилец () се наоѓа на задниот крај од гребенот; надворешна седална страна (), поседува седални линии за поврзување на седалните мускули. Мускули Мускулите во овој дел го поврзуваат горниот крај од бутната коска со коските од карличниот појас: слабинскобедрен мускул (), составен од два мускули: бедрен мускул (), тргнува од илијачната јама на карличната коска; голем слабински мускул () тргнува од телата и напречните израстоци на слабинските прешлени. Двата мускули со заедничка тетива завршуваат на малата џумка од бутната коска; голем седален мускул () тргнува од крилото на бедрената коска и од крстната коска, а завршува на задната страна од бутот; среден седален мускул () се наоѓа под големиот седален мускул и има ист припој како големиот седален мускул; најмал седален мускул () сместен е најдлабоко, а има ист припој како големиот и средниот седален мускул. Кај животните Бедрената коска се појавува и кај ’рбетници, вклучувајќи цицачи и птици, но не и кај коскените риби. Сите влекачи имаат бедрена коска освен змиите. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски