Ирски јазик (, мктр. гелѓе) — матичен јазик на Ирска од гојделската група на келтски јазици во индоевропското семејство. Како мајчин јазик го говори сам мал дел од населението, но истиот е многу позастапен како втор јазик. Јазикот ужива уставен статус како национален прв службен јазик на Република Ирска. Ужива и статус на службен јазик на ЕУ и законски признат како малцински јазик во Северна Ирска.

Ова бил единствен (или главен) јазик на ирскиот народ во најголемиот дел од негова историја, ширејќи се со преселбите и во други земји како Шкотска и на островот Ман, каде постепено се претвориле во шкотски гелски и мански јазик. Ирскиот ја има најстарата книжевност на народен јазик во цела Западна Европа.

Понатамошната судбина на јазикот претежно се должи на зголемувањето на влијанието на англиската држава. Опаѓањето почнало во XVII век, а го доживеало својот врв во подоцнежниот дел од XIX век, со драстичното намалување на бројот на говорници предизвикано од Големиот глад (1845–1852), кога населението на Ирска се намалило за 20-25% поради смрт или иселување. Најпогодени биле подрачјата каде ирскиот бил најзастапен. На крајот од британското владеење со земјата, јазикот го говореле помалку од 15% од населението на Ирска. Од тогаш наваму, ирскиот јазик е малцински, дури и во местата во ирскојазичното подрачје Гелтахт (). Направени се доста усилби од државата, поединци и организации за зачувување, обнова и унапредување на јазикот, но со мешани резултати.

На почетокот на XXI век ирскиот бил мајчин јазик на 20.000 до 80.000 луѓе.: 20.000 to 80.000 speakers out of a population of 3,5 до 5 милиони. На пописот од 2006 г. во Република Ирска, 85.000 испитаници рекле дека секојдневно го користат ирскиот вон образовниот систем, а 1,2 милиони рекле дека го користат барем повремено во училиштата или вон нив. На пописот од 2011 г. овие бројки се искачиле на 94.000 односно 1,3 милиони. Во Северна Ирска има неколку илјади говорници. Се проценува дека активните говорници сочинуваат 5 до 10 отсто од населението на Ирска.Suzanne Romaine, “Irish in a Global Context” in A New View of the Irish Language, edited by Caoilfhionn Nic Pháidín and Seán Ó Cearnaigh. Dublin: Cois Life Teoranta, 2008. ISBN 978-1-901176-82-7

Изминатите некоклу децении бележат значаен пораст во бројот на говорници на ирскиот јазик во градски средини, особено во Даблин. Ова се должи на зголемувањето на бројот на училиштата каде наставата се одвива на ирски јазикMcCloskey, James: 'Irish as a World Language,' 2006, based on a talk presented at the seminar Why Irish?, held at the University of Notre Dame in September 2005: http://ohlone.ucsc.edu/~jim/PDF/notre-dame.pdf

Има повеќе говорници на ирскиот јазик и во странство, особено во САД и Канада.Податоците од 2006-8 г. укажуваат дека во САД 22.279 Американци говорат ирски во домот. Погл. „Table 1. Detailed Languages Spoken at Home and Ability to Speak English for the Population 5 Years and Over for the United States: 2006-2008“: figures released 2010. http://www.census.gov/hhes/socdemo/language/ (Подробни табели).

Историја Први писмени наоди од ирскиот јазик среќаваме на огамски написи од IV век; јазикот во оваа фаза се нарекува примитивен ирски. Ваквите записи се среќаваат ширум Ирска и западното крајбрежје на Велика Британија. Во V век примитинвниот ирски се развил во староирски. Веќе во VI век староирскиот се пишува на латиница и присвоил доста латински зборови, особено во црковниот живот. Такви примери се: easpag (епископ) од и Domhnach (недела, од ). Кон X век, староирскиот прешол во средноирски, кој се говорел во Ирска, Шкотска и на островот Ман. Оваа фаза на јазикот има дадено голем книжевен фонд, со дела како Алстерскиот циклус. Во XII век почнал развојот на ирскиот во Ирска, шкотски гелски во Шкотска и мански на Ман. Средноирскиот од XIII век претставува основа за книжевниот јазик во Ирска и гелските краишта во Шкотска. Ирскиот во денешната потесна смисла почнува некаде од XVII век и е познат како класичен ирски.

Почнувајќи од XVIII век, јазикот почнал да слабее во источните делови од земјата, особено поради напорите на британските власти да се отстрани од образованието, правосудството и управата, наметнувајќи двојазичност и јазична асимилација.. Кон средината на XVIII век, англискиот веќе навлегол како матичен јазик на католичката средна класа, црквата и интелигенцијата, но и големо значење за сите што доаѓале во градовите.Ó Gráda 2013. Конечниот катастрофален пад на јазикот се случил со Големиот глад (1845–1849).

Кон крајот на XIX век интелигенцијата почнала да се освестува и да се залага за „Гелска преродба“, обидувајќи се да го поттикнат изучувањето на јазикот.McMahon 2008, pp. 130-131. Главен двигател на јазичната преродба била Гелската лига, со особен нагласок на народните преданија, а направени се и усилби за разој на новинарството и современата книжевност.

Фонологија

По изговор, ирскиот е сличен на, шкотскиот гелски и манскиот. Една значајна особина е (освен ) постоењето на согласни парови — една „широка“ (веларизирана, се изговара со вовелкување на заднината на јазикот кон мекото непце) и една „тенка“ (палатализирана, се изговара со поткревање на средината на јазикот кон тврдото непце). Вакви парови среќаваме и во рускиот јазик.

+Согласни фонеми Уснени Преднојазични Среднојазични Гласилни Двоуснени Уснен.-заднеп. Уснено-забни Забни Венечни Задно-венечни Предно-непчени Задно-непчениширокитесниширокиширокитесниширокиширокитеснитеснитесниширокиИзбувнибезвучни звучни Струјни/Приближнибезвучни звучни Носни Едноударни Странични

+Самогласни фонеми Предни Средни Задни кратки долги кратки кратки долги Затворени Средни Отворени Дифтонзи: .

Синтакса и морфологија

мини|десно|Сообраќаен знак во Донегол Граматиката на ирскиот јазик се одликува со извесни особености кои се необични за индоевропските јазици. Меѓу нив можат да се издвојат мутациите на првичните согласки, збороредот прирок-подмет-предмет и употребата на два различни облика на глаголот „да се биде“.

Овие особености не се единствени во ирскиот. Се среќаваат кај другите келтски јазици, но и кај некои од други групи: морфосинтаксички предизвикани мутации на првата согласка се среќаваат во фуланскиот и шошонскиот; збороредот „прирок-подмет-предмет“ се среќава во класичниот арапски и библискиот хебрејски; португалскиот, шпанскиот, каталонскиот и галисискиот ги користат двата облика на глаголот „да се биде“. Употребата на предлошки заменки се среќава во семитските јазици, но и во помалку познати европски јазици како венетскиот.

Состојбата е усложнета поради дијалектните разлики, препорачаниот стандард и упростувањето на граматиката и изговорот од страна на секојдневните говорници во градските средини.

Синтакса

Ирскиот се одликува со збороредот прирок-подмет-предмет и користи два глагола „да се биде“. Едниот е помошниот глагол () служи за опшишување на нечија постојана особина или идентитет онаспроти привремена состојба.

Придавката стои по именката (освен кај присвојните придавки), но има и извесен број придавки и честички што можат да имаат улога на претставки.

Морфологија Ирскиот е флективен јазик и ги користи следниве падежи: општ (стариот номинатив и акузатив), вокатив и генитив. Во манстерските говори се има задржано дативот, но помладите говорници го отфрлаат. Сегашниот систем на збороизмена претставува драстично упростување на староирската граматика.

Именките можат да бидат во машки или женски род (средниот се има изгубено). Родовата разлика е донекаде изразена во завршетоците на зборовите: -án и -ín за машки, а -óg за женски.

Друга особеност што ирскиот ја дели со останатите келтски јазици е употребата на предлошки заменки (), кои во суштина се изменети (конјугирани) предлози. На пример, зборот за „кај“ е , кој со право лице еднина станува „кај мене“. Кога се користи со глаголот („да се биде“) означува своина, односно македонското „има“.

„Јас имам книга.“ (букв. „Има книга [кај] мене.“) „Ти имаш книга.“ „Тој има книга.“ „Таа има книга.“ „Ние имаме книга.“ „Вие имате книга.“ „Тие имаат книга.“

Мутации

Како и сите келтски јазици, ирскиот се одликува со мутација, при што се менуваат првичните и последните согласки за изразување на нијанси во граматичкиот однос и значењето. мутацијата важи за глаголите, именките и придавкит. Некои согласки се менуваат на два начина, зависно од контекстот.

Ирскиот има две мутации на првичната согаска:

Ослабување или лениција () — избувните согласки преоѓаат во струјни. По стариот правопис, ова се означува со точка над согласката (), а според новиот, со додавање на -h: „фрлај!“ — „фрлив“ (ова е пример за ослабувањето како означувач на минато време со зборчето , кое денес се испушта) „пазар“, „спогодба“ — „човек на улица“ (букв. „Тајг на пазар“; тука го гледаме ослабувањето како го означува генитивот на именка од машки род) „Шон (Јован)“ – „Јоване!“ (тука го гледаме ослабувањето како дел од вокативот, поточно вокативното ослабување предизвикано од или вокативниот означувач пред името ) Затемнување или еклипса () — озвучување на безвучните избувни согласки и назализација на звучните избувни согласки. „татко“ – „наш татко“ „почеток“, „на почетокот“ „Голвеј“ – „во Голвеј“

Мутациите честопати се единствениот начин на разликување на сличните граматички облици. На пример, присвојните заменки „нејзин“, „негов“ и „нивен“ се разликуваат исклучиво по мутациите на првичните согласки, бидејќи значенски сите се претставени со истиот збор a. Ова може да се види во пример со зборот bróg (чевел):

нивен чевел – a mbróg (затемнување) негов чевел – a bhróg (ослабување) нејзин чевел – a bróg (неизменето)

Правопис thumb|Gaelach („Гелах“) напишано со традиционални гелски слогови

Современиот ирски се пишува со обична латиница без буквите j, k, q, w, x, y и z (со исклучок на прилагодени англизми), но со употреба на остар акцент (á é í ó ú), наречена , „долг знак“. (Буквата v е присвоена во јазикот и има иста звучност со „bh“, но не е дел од традиционалната азбука). Остриот акцент ја издолжува самогласката и, во извесни случаи, ја изменува. На пример, во манстерскиот говор, a има звучност или , додека á има звучност . Во алстерскиот пак, истата á има звучност .

Традиционалниот правопис користи и надредна точка над извесни согласки за да изрази ослабување. Современиот ирски ова го изразува со придодавање на буквата h кон согласката шо се ослабува. На пример „Gaelaċ“ [на сликата] денес се пишува „Gaelach“.

Денешниот стандарден правопис () е осмислен во 1940-тите како упростување на дотогашниот начин на пишување. Во него се отстранети немите согласки, а самогласните комбинации се поверни на говорниот јазик.

Стандардниот правопис не секогаш го одразува изговорот на зборовите кај поединечните дијалекти.

Дијалекти мини|десно|250п|Карта на ирскојазичните подрачја во Ирска, наречени со збирниот назив Гелтахт. Ирскиот има неколку традиционални дијалекти и разни облици на градски говори. Второспоменатите имаат влијанија од граматиката и фонологијата на англискиот. Дијалектите се разликуваат по нагласокот, интонацијата, зборовите и структурните особености.

Трите наречја соодветствуваат на трите покраини кајшто е зачуван јазикот: Манстер (), Конахт () и Алстер (). Постојат изаписи за дијалектите во Ленстер, направени пред нивното исчезнување.

Поврзано Правопис на ирскиот јазик Фонологија на ирскиот јазик Историја на ирскиот јазик Ирска книжевност Граматика на ирскиот јазик Македонска транскрипција на ирскиот јазик

Историски фази Примитивен ирски јазик Староирски јазик Средноирски јазик

Наводи

Литература Caerwyn Williams, J.E. & Ní Mhuiríosa, Máirín (ed.). Traidisiún Liteartha na nGael. An Clóchomhar Tta 1979. McCabe, Richard A.. Spenser's Monstrous Regiment: Elizabethan Ireland and the Poetics of Difference. Oxford University Press 2002. ISBN 0-19-818734-3. De Brún, Pádraig. Scriptural Instruction in the Vernacular: The Irish Society and Its Teachers 1818-1827. Dublin Institute for Advanced Studies 2009. ISBN 978-1-85500-212-8