Флешмоб е група од луѓе што се собира неочекувано на јавно место, изведува необична изведба и навидум бесмислено движење за кратко време и потоа брзо се распрскува, а тоа е често поради забава, сатира и уметничко изразување. Флеш мобовите се организираат преку телекомуникации, социјалните медиуми или вирусни електронски пошти.
Поимот, измислен во 2003г., најчесто не се однесува на настани и изведби организирани за политички цели (како протести), комерцијална реклама, рекламни штосови што вклучуваат фирми за односи со јавноста или платени професионалци. Во овие случаи кога е во прашање планирана цел за јавни активности,често се користи поимот смарт мобови.
Историја
Прв флешмоб
Првите флешмобови се создадени во Менхетен во 2003г., од Бил Восик, главен уредник на Магазинот Харпер(Harper’s Magazine). Првиот обид беше неуспешен откако одбраната продавница на мало беше известена дека луѓето планираат таму да се собираат. Восик избегна вакви проблеми за време на првиот успешен флеш моб што се случи на 3 јуни 2003 г., во стоковната куќа Марсис, со испраќање на учесници на почетни попатни сцени во четири барови во Менхетен, каде потоа ќе примат понатамошни инструкции за крајниот настан и место веднаш пред да почне настанот.
Повеќе од 130 луѓе скриени на деветтиот спрат од покриениот оддел на продавницата, се собираа околу еден скап килим. Секој на кој му пријдел асистентот бил посоветуван да рече дека собирачите живеат заедно во еден магацин во преградието на Њујорк, дека купувале "љубовен килим" и дека нивната куповина е одлучена групно.Bedell, Doug. "E-mail Communication Facilitates New 'Flash Mob' Phenomenon", Knight Ridder Tribune Business News, July 23, (2003) Подоцна, 200 луѓе за околу 15 секунди го поплавија лобито и средниот спрат на Хајат хотелот (Hyatt hotel) во синхронизиран аплауз и продавницата за обувки во СоХо (SoHo) ја преплавија учесници кои се преправаа дека се туристи на патување со автобус.
Восик тврди дека го создал флеш мобот како еден социјален експеримент наменет да го боцне обожавателот на панталоните до колкови и да ја нагласи културната атмосфера на соодветностаи желбата да се биде внатрешен човек или дел од "следното големо нешто". Д Ванкувер Сан (The Vancouver Sun) напиша, "Тоа може да му се врати како бумерант... [Восик] наместо да заврши со помагање на соодветноста да и дозволи да се појави како несоодветна." Во друго интервју тој кажа "мобовите започнаа како еден вид на разигран социјален експеримент наменет да ги охрабри спонтаноста и големите собири за привремено да преземат комерцијални и јавни области едноставно да покажат дека би можеле да го направат тоа".
Преседани и Претходници Во 19 век Тасманија, поимот флешмоб го користеше да опише субкултура кој се состои од женски затвореници, што се темели на поимот флеш јазик за жаргонот кој го користат овие жени. Австралискиот поим флеш моб од 19 век се однесува на еден дел од општеството, а не настан и не покажува други сличности со модерниот поимфелш моб или настаните кои ги опишува.
Во 1973г., приказната "Флеш Толпа" (Flash Crowd) од Лари Нивен опишува сличен концепт на флеш моб.Nold, Christian. "Legible Mob" (2003): p.23. http://www.softhook.com/legible.htm. Со пронајдокот на популарната и многу евтината телепортација, аргументот во трговскиот центар испадна да биде покриен со нова група, што брзо се засили во бунт. Во приказната, покриеноста на емитување привлече внимание од други луѓе, кои ја користат широко достапната технологија на телепортациската кабина прво да го рои овој настан со луѓе, на тој начин интензивирајќи го бунтот и другите настани ако се случат. Коментирањето за социјалното влијание од вакви мобови, еден лик (искажувајќи го полициското гледање) вели, "Ги нарекуваме флеш толпи и внимаваме на нив." Во сродни раскази, тие се именуваат како првично место за да се одржат нелегални активности (како што се џебните кражби и пљачкосување).
Флеш мобовите започнаа како форма на изведбена уметност. Кога започнале како едно аполитичко движење, флеш мобовите може да поделат вештачки сличности на политички протести. Во 1960г., групи како Јипис го користеа уличниот театар за да им ги откријат на јавноста политичките прашања.Cosmic Trigger III, Robert Anton Wilson, 1995, New Falcon Publications Флеш мобовите можат да се видат како специјализирана форма на смарт моб, поим и концепт предложен од авторот Хауард Реинголд во неговата книга од 2002г., Смарт Мобови: Следната општествена револуција.
Употреба на поимот Првата забележана употреба на поимот флеш моб како што е разбран денес, беше постиран во 2003г., на почеток на блог како последица од настанот на Восик. Поимот го инспирирал пораниот поим смарт моб.
Флеш моб се додаде на единаесеттото издание од Concise Oxford English Dictionary на 8 јули 2004г., каде што е забележан како "невообичаено и бесмислено движење" кое се одделува од другите форми на смарт мобови како што се видови на изведби, протести и други собири. Исто така други прифатени именски деривати се флеш мобер и флеш мобинг. Webster's New Millennium Dictionary of Englishго дефинира флеш мобкако "група на луѓе која се организира на интернет и потоа брзо се собира на јавно место, прави нешто бизарно и исчезнува." Оваа дефиниција е во согласност со оригиналната употреба на поимот, сепак и медиумите и организаторите подоцна го користат поимот да се однесува на која било форма на смарт моб, вклучувајќи политички протести; колаборативен интернет напад лишување од услуга; колаборативен протест за суперкомпјутирање ; и промотивно појавување на поп-музичари. Исто така печатот го користи поимот флеш моб што се однесува на една практика во Кина каде што групите од купувачи приредуваат на интернет да се сретнат во продавница со цел да истуркаат заедничка зделка.
Законска основа Градот Брауншвајг, во Германија ги прекина флешмобовите со строго спроведување на веќе постоечкиот закон за барањето дозвола за употреба на каков било јавен простор за настан. Во Обединетото Кралство, бројни флеш мобови беа запрени заради загриженоста за јавно здравје и безбедност. Британската Транспортна Полиција ги убеди организаторите на флеш моб да се "воздржат од одржување вакви настани (тивко диско) на железнички станици".
Престап
Престапите поврзани со флешмобовите се ретки, но повремено создаваат меѓународни наслови. Познати како "флеш робови", "флеш моб крајмс", "крајм мобови", или "флеш моб ваоленс" од медиумите, овие мобови започнуваат со намера или водат кон уништување на приватен имот, бунтување, насилство, и лична повреда. Марк Лири, професор по психологија и невронаука на Универзитетот Дјук, вели, "нелегалниот и насилен дел не исто како обичните престапи каде што група од луѓе прават нешто нелегално. Она што социјалните медиуми го додаваат е способноста да придобива толку голема група на луѓе, што поединците кои нема да ограбат продавница или да се бунтуваат за да се почувствуваат слободни да се однесуваат непристојно без да бидат идентификувани."
Со стапување на сила на законот и владите употребиле неколку методи за да се справат со овие престапи со употреба на лут спреј, масовни апсења и криминални обвинувања.http://chattarati.com/neighborhoods/utc/2009/4/23/updated-police-officers-use-pepper-spray-utc-stude/ Retrieved December 30, 2009 Во САД, само неколку градови искусиле бранови од престапи кои ги сториле групи од луѓе. Во Филаделфија бунтовите предизвикаа осуда од градоначалникот Мајкл Нутер и резултираше со тоа што полицискиот сат беше воведен во две месни области.
Бил Восик изрази "изненадување со новото фокусирање на некој од собирите" и рече дека тоа е "страшно што овие Фили мобови се претворија во насилни". Адвокатите и организаторите на легални флеш мобови сметаат дека "флеш моб крајм” и слични неологизми кои ги користат медиумите се неточни и го уништуваат угледот на флеш мобовите.
Поврзано Критична група (социодинамика) Манипулација со толпа Случување Секаде подобрување
Наводи
Дополнителни читања
Надворешни врски
Flashmob Documentary Podcast from kablam.tv "Manhattan Mob Meets its Maker" – Wired News Flashmobs around the world - Flashmob.com
Категорија:Флеш моб