Бошевци или Бојќевци — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 3,5 до 4 км североисточно од селото, на десниот брег на реката Треска, на едно не многу високо плато, каде се наоѓа мала гробишна црква со некропола околу неа. Со заштитните археолошки ископувања извршени во 1985 година била откриена еднокорабна црква со димензии од 2,50 × 2,20 м. Околу неа се истражени 7 гроба градени од камени плочи - тип циста. Според откриените наоди, црквата и некрополата биле во употреба од почетокот на XIV до XVI век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Голема Пеш — населба од палеолитско време; Градиште — населба од доцноантичко време; Подградец — населба од доцноантичко време и ран среден век; Св. Недела — црква и некропола од средниот век; Оча — некропола од доцноантичко време; Црквиште — црква од средниот век; Цуцул — населба од римско време и среден век; Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век; Потпетрушка — светилиште од ран среден век; Засечишта — населба од средниот век; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Здуње; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Здуње (Порече)