Тумба — археолошко наоѓалиште во поречкото село Могилец. Претставува населба од среден век. Се наоѓа на југозападната периферија на селото, на простор од 2-3 хектара, каде се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди, питоси и градежен материјал. Селото се споменува во хрисовулот на крал Стефан Душан од 1335 година под името Могилица.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Могилец; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Могилец