Стил фон Хоф (; р. ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за австралиската аматерска екипа ИнФорм ТМ Инсајт МЕЈК. Во 2018 година, Фон Хоф освоил златен медал на друмската трка на Игрите на Комонвелтот.

Кариера

мини|лево|Фон Хоф (лево) на подиумот по третата етапа на Трката околу Полска 2013.

Во 2011 година, Фон Хоф и колегата од Нејтан Хас, преовладувале на домашната национална друмска серија. Двајцата возачи настапиле на Хералд Сан Тур, трка на која возат голем број елитни екипи; Фон Хоф бил трет на втората етапа и втор на третата етапа, додека Хас ја освоил трката.

Во јануари 2012 година, Фон Хоф се приклучил на , американска велосипедска екипа, која настапува на континенталните трки, меѓутоа Чипотл-Фирст Солар главно возела трки во Американската турнеја. На 1 август 2012, додека се подготвувал да настапи на Тур де Гваделуп со боите на екипата, Фон Хоф бил унапреден како стажант на екипата , и така повторно се споил со Хас. На 24 август 2012 година, Фон Хоф завршил трет на третата етапа на Трката околу Данска.Norsk etapesejr og gul trøje i Vejle, Danmarks Cykle Union, 25 август 2012.

Фон Хоф се приклучил со професионален договор на за сезоните 2013 и 2014. На 10 јанаури 2014 година, Фон Хоф победил на државното првенство во критериум. Во декември 2014 година, Фон Хоф бил најавен како член на составот на екипата НФТО за сезоната 2015. На Тур Даун Андер 2015, Фон Хоф настапувал како дел од екипата УниСА-Австралија. Ја освоил четвртата етапа на трката.http://www.abc.net.au/news/2015-01-23/von-hoff-wins-tour-down-under-stage-four/6043232 Есента 2015, објавиле дека Фон Хоф ќе вози за нив од 2016.

Освоил златен медал на друмската трка на Игрите на Комонвелтот 2018.

Личен живот

Фон Хоф е роден во Морнингтон, а моментално живее во Мурудук, Австралија.

Достигнувања

2011 3. 15п Океанско друмско првенство 7. Краен пласман Трка околу Велингтон 2012 Тур де Гваделупе 1. Етапа 2 1. Етапа 9 1. Етапа 5 Тур ди Лоар ет Шер 1. Етапа 6 Трка Олимпија 2. Катекурс 3. Државно првенство во критериум 5. Даун Андер Класик 6. Краен пласман Светски пристаништен класик 10. Јапонски куп 2013 Национални друмски првенства 2. Критериум 3. Друмска трка 7. Даун Андер Класик 2014 1. 20п Државно првенство во критериум 2015 1. 20п Државно првенство во критериум 1. Класик Рутланд-Мелтон 1. Меморијална друмска трка Џок Вадли 1. Етапа 4 Тур Даун Андер 3. Лондон Ноктурн 5. Краен пласман Заливски класични серии 2016 1. Етапа 1 Трка околу Норвешка 1. Етапа 1 Велосипедска трка Сибиу 5. Омлоп Мандел-Леје-Схелде 8. ГП Стад Зотегем 9. Класик Лондон-Сари 10. Трка околу Келн 2017 2. Краен пласман Ронде ван Миден-Недерланд 1. Етапа 1 (ТТТ) 8. Класик Рутланд-Мелтон Интернејшнл Сајкл 2018 1. 15п Друмска трка, Игри на Комонвелтот 1. Бодовен пласман Хералд Сан Тур 7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти