Марија, попозната како Богородица или Богородица Марија (латински: Virgo Maria, Deipara, грчки: Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ, хебрејски: מירים, арапски: مريم) според верувањата на христијаните — мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Таа е позната и како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Пресвета Богородица итн. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Пресвета Богородица е светицата заштитничка на градот Скопје.
Според евангелијата, Марија живеела во Назарет во тогашниот регион Галилеја. На арамејски јазик, нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин — кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.
Во Новиот завет мини|237x237пкс|Благовештение на Пресвета Богородица, од Ел Греко Според списите на Новиот завет, еврејската жена Марија живеела во Назарет, во регионот Галилеја со нејзините родители кога се свршила со дрводелецот Јосиф (била мала за време на свршувачката како и зачнувањето на Исус). И двајцата потекнувале од родословието на еврејскиот цар Давид. Наскоро потоа ѝ се појавил архангел Гаврил и ја поздравил со зборовите што станале основа на молитвата што се користи до ден-денес меѓу следбениците на Марииниот култ: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ (Лука 1:28).Ангелот тогаш ѝ рекол дека ќе стане мајка на ветениот Месија, иако била девица. Марија ѝ се потчинила на Божјата волја со зборовите: „Еве ја слугинката на Господ, нека ми биде според твојот збор“ (Лука 1:38).Последователно, Марија тргнала на долг пат да ја посети својата бремена роднина Елисавета, која живеела со нејзиниот сопруг Захарија. Само што влегла во нивната куќа, веднаш ја поздравила Елисавета, која ѝ оддала почит како мајка на нејзиниот Господ, а Марија одговорила со пофалби на Господ познати како Магнификат. (Лука 1:4655) По три месеци, Марија се вратила дома во Назарет. Ангел му се јавил на нејзиниот свршеник Јосиф во сон, кој му рекол дека „она што е зачнато во неа е од Светиот Дух“ (Матеј 1:20). Иако била бремена, Јосиф ја зел со себе и тие направиле свадбена церемонија.
Во тоа време, римскиот император Октавијан Август наредил да се спроведе попис на луѓето ширум светот — всушност мислел на светот со кој управувало Римското Царство. Секој морал да се потпише во градот од каде потекнува нивните предци. Затоа Јосиф и бремената Марија отишле да се запишат во Витлеем, кој бил наречен „Давидов град“. Тие не нашле сместување во градската гостилница бидејќи градот бил преполн со луѓе и затоа биле принудени да се засолнат во штала, опкружени со домашни животни. Таму Марија го родила нејзиниот син Исус Христос. (Лука 2:1–7). Наскоро по раѓањето, таа морала да побегне со него и Јосиф во Египет, бидејќи во сон, еден ангел му рекол на Јосиф дека царот Ирод Велики ќе се обиде да го убие Исус. Тие останале во Египет сè до смртта на Ирод и потоа се вратиле во Назарет (Матеј 2:1323).
Во евангелијата, Марија се појавува спорадично на Исус и на неговата јавна служба. Таа го поттикнала првото чудо што Исус го направил на една свадба во градот Кана, Галилејско, кога ја претворил водата во вино (Јован 2:111).Библија за млади: Стар и Нов завет, стр. 260 Заедно со другите апостоли (освен Јуда — оној што го предал Исус), таа плачела под крстот на кој бил распнат нејзиниот син Исус (Јован 19:2527). Но исто така е можно негативно да ѝ се протолкувале зборовите на Исус: „Која е мајка ми и кои се моите браќа?“ Потекнува од описот на очекувањето на ветениот Свети Дух среде апостолите, учениците на Исус ,и нивните браќа, додека заедно се молеле по Вознесувањето на Исус (Дела 1:14). Новиот завет не ја запишува смртта на Марија или нејзиното Вознесение.
Живот според евангелијата Во Новиот завет за раниот живот на Марија има многу малку. Во Библијата не се споменуваат имињата на нејзините родители. Според други извори, традиции и верувања, се знае дека родителите на Марија се викале Јоаким и Ана, кои припаѓале на лозата на цар Давид. Тие долго време немале деца, додека Бог не ги чул молитвите и им подарил ќерка. Според верувањата, Бог одредил името на ќерката да се вика Марија, да биде Богородица и дека Марија од првиот миг на нејзиното постоење била ослободена од нејзините гревови, бидејќи од Бог добила посебна милост. Во третата година од нејзиниот живот, нејзините родители ја одвеле во Ерусалимскиот храм, за да ја посветат на Бог. Таа останала да живее во Храмот, каде била обучувана и воспитувана додека не навршила полнолетство.
Марија била роднина со Елисавета, сопруга на јудејскиот свештеник Захарија. (Лука 1:5) Таа (Елисавета) го родила Јован Крстител. Марија живеела со своите родители во Назарет во Галилеја. Се запознала со Јосиф од Назарет, кој бил од лозата на царот Давид, но бил скромен дрводелец. Тие биле венчани, и во текот на првите години од бракот, Марија сакала да остане девица и понатаму, а Јосиф тоа го прифатил. Пред свадбата тие живееле одвоено, и во тоа време Бог го испратил aрхангелот Гаврил во Назарет кај Марија. Ангелот ја поздравил со зборовите:
Марија збунето започнала да размислува каков бил тој чудесен поздрав. Ангелот продолжил: „И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот. И Господ-Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид, и ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај“ (Лука 1:30–33).На ова, Марија му рекла на ангелот дека никогаш не имала однос со Јосиф, па го прашала:
Ангелот одговорил: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; затоа Светото што ќе биде родено од тебе ќе се нарече Син Божји“.На ова Марија одговорила: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор“ (Лука 1:35:38).Така, според верувањата, во тој момент Марија се зачнала со Исус.
По ова, Марија ја посетила својата роднина Елисавета, која била бремена (Лука 1:39). Кога престигнала, Елисавета ѝ одговорила: „Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плодот на твојата утроба“ (Лука 1:42). Според овие стихови од евангелието, Елисавета поверувала на Марија дека е бремена и дека ќе го роди Синот Божји: „И блажена е таа, која поверува дека ќе се исполни она, што Господ ѝ го рекол“.Марија одговорила:
Во следните три месеци, Марија останала да ѝ помага на Елисавета во нејзиниот дом, а по ова таа се вратила кај Јосиф, каде тој веднаш приметил дека е бремена. Јосиф паднал во голема тешкотија, а Марија никако не можела да му објасни што всушност се случило. Тој сметал дека го изневерила, а во тоа време за неверство се добивало каменување. Сепак, Јосиф одлучил да не објави за настанатото, туку тајно да се повлече и да ја напушти Марија, не сакајќи таа да умре. Ноќта пред тој да замине, на сон му се јавил ангелот на Бог, Гаврил, кој му рекол:
Така, Јосиф отстапил, па според еврејските обичаи таткото имал право да го даде името на своето дете, па Јосиф ја имал таа чест.Sveti Josip, Svetište sv. Josipa, Karlovac 1987. Јосиф ја зел Марија кај себе и имале свадбена церемонија.мини|150п|Бегство во Египет|левоСе приближило времето кога Марија требало да се породи. Римскиот цар (император) Октавијан Август заповедал да се направи попис на населението. Според заповедот, секој требал да оди во градот на своите предци. Марија и Јосиф биле од родот на царот Давид, па затоа морале да одат во Витлеем. Во Стариот завет постои пророштво дека Месијата ќе се роди во Витлеем. Марија започнала да ги чувствувуа породилните болки, па затоа побарале некакво сместување, но сите места биле пополнети. Се засолниле во една штала каде овчарите ги чувале своите животни. Така, тука Марија го родила Исус, првенецот, па го повила и го положила во јасли, зашто за нив немало место во гостилницата (Лука 2:7). По ова, на местото дошол ангелот, кој им рекол: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи, зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ, и ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли“ (Лука 2:1012).Овчарите го посетиле Исус, Марија и Јосиф, а по ова се сместиле на подобро место.
По четириесет дена од Исусовото раѓање, Марија и Јосиф своето дете го однеле во Ерусалимскиот храм, што бил обичај во Стариот завет. Му пренеле жртва како што е речено во Господовиот закон — две грлици или две гулапчиња (Лука 2:24).
Во Храмот живеел старецот Симеон, човек праведен и благочестив, на кого Светиот Дух му прорекол дека нема да види смрт, додека не го види Исус. Кога го видел Исус, го зел во своите раце, го благословил и рекол: „Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа твоето спасение што го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел“ (Лука 2:2932). На оваа церемонија, според Евангелието по Лука присуствувала и пророчицата Ана.
Светите тројца мудреци од истокот дошле за да се поклонат на Исус. Според Евангелието по Матеј тие дошле источно од Ерусалим. Тие ја следеле ѕвездата што блескала над Витлеем. Во Ерусалим мудреците биле испратени од страна на Ирод, кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: темјан, злато и смирна (вид смола). По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим, туку да си одат во нивните земји: мини|150п|десно|Благовештение„И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат кај Ирод, заминаа по друг пат во својата земја (Матеј 2:13).Кога разбрал царот Ирод за измамата, тој наредил да се убијат сите деца во Витлеем до двегодишна возраст. Исус не бил убиен бидејќи на Јосиф му се јавил Господов ангел, кој му рекол: „Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби“ (Матеј 2:13). По ова, тие заминале за Египет. Патот кон Египет бил долг и тежок. Во Египет семејството се задржало до смртта на Ирод, кога ангелот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол:„Стани, земи Го детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето“ (Матеј 2:20).Така, Јосиф, Марија и Исус повторно се вратиле во Назарет во Галилеја. Кога Исус имал дванаесет години, отишол во Ерусалимскиот храм. На враќање, Марија и Јосиф виделе дека Исус го изгубиле, па започнале да го бараат. По три дена го пронашле во Храмот, каде тој разговарал со учителите. Марија го прашала: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко ти и јас се измачивме, барајќи те?“Исус зачуден, им одговорил:„Зошто ме баравте? Зарем не знаете дека јас треба да бидам во куќата на мојот Татко?“ (Лука 2:4748)По ова, тие повторно се вратиле во Назарет. Јосиф работел како дрводелец, а Марија се занимавала со семејни работи.
Исус своето прво чудо го направил на свадбата на Кана Галилејска, каде отишол заедно со својата мајка и со своите ученици, бидејќи татко му веќе бил починат. Кога на свадбата снемало вино, Марија му рекла на Исус дека немаат вино, на кое Исус одговорил:
На ова Марија им кажала на слугите што и да побара нејзиниот син, тоа да го сторат. Така, Исус според Евангелието по Јован го направил своето прво чудо, претворајќи ја водата во вино. Неговите апостоли поверувале за првпат дека тој е Месија.мини|150п|Марија престигнува кај Елисавета|левоМарија го пратила Исус во текот на неговото мисионерство. Кога Исус бил распнат на крст, таа заедно со нејзината сестра Марија Клопина и Марија Магдалена стоеле под него. (Јован 19:25). Исус ја погледнал Марија, која плачела покрај апостол Јован, и ѝ рекол: