Варна () е најголемиот црноморски град во Бугарија и трет по големина во земјата. Се наоѓа во северноисточна Бугарија. Варна е град-пристаниште со 330.486 жители.http://www.varna.bg Поради развиениот морски туризам, големиот број на хотели, како и дворецот Евксиноград, којшто е седиште на владата и претседателот на Бугарија за време на летните месеци, Варна се смета за „приморскиот главен град на Бугарија“. Варна се распростира на околу 105 квадратни километри и е административен центар на Варненската област и општината Варна.
Култура Варна е центар на повеќе културни проекти, меѓу кои се и фестивалот „Варнско лето“ и филмскиот фестивал „Љубовта е лудост“. Во Варна се наоѓа и археолошки музеј во кој се изложени најстарите откриени златни предмети во светот. Тој е и балнеолошки курорт и туристичко-рекреативен центар.
Образование Варна е важен универзитетски центар и е седиште на многу универзитети: Економскиот универзитет Медицинскиот универзитет Техничкиот универзитет Военоморската академија "Никола Вапцаров" приватниот Слободен универзитет .
Галерија
Врски На неповторливо шоу со делфини во Варна, Дневник, 18 март 2006
Извори
Категорија:Населени места во Општина Варна Категорија:Населени места во областа Варна Категорија:Населени места основани во 6 век п.н.е. Категорија:Избрани статии на bg.вики