мини|Поглед на полуостровот Менхгут

Риген (; исто така латински: Rugia) — најголем остров по површина во Германија. Се наоѓа близу померанскиот брег на Балтичкото Море и припаѓа на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.

„Портата“ кон островот Риген е ханзеатскиот град Штралзунд, каде е поврзан со копното со патна и железничка врска преку Ригенскиот мост, мост кој го преминува двакилометарскиот широк проток Штрелазунд.

Риген има максимална дожина од 51,4 километри (од север кон југ), максимална широчина од 42,8 километри на југ и површина од 926 км2. Брегот се одликува со бројни песочни плажи, лагуни (bodden; плитки води) и отворени заливи (Wieke), како и голем број полуострови и ’ртови. Во јуни 2011, УНЕСКО му го доделил статусот на светко културно наследство на Националниот парк Јазмунд, познат по бескрајните плажи и кредестите карпи како Кенигсштул (Königsstuhl), главна знаменитост на островот Риген.Видете inter alia во извештајот на ARD-Tagesschau 25 јуни 2011

Островот Риген е дел од округот Западна Померанија-Риген, чие окружно седиште се наоѓа во Штралзунд. До административната реформа во 2011 постоел истоимен округ со седиште во градот Берген. Други градови на островот се Засниц, Путбус и Гарц. Покрај нив постојат неколку балтички приморски одморалишта: Бинц, Бабе, Герен, Зелин и Тисов.

Риген е многу омилен како туристичко одредиште, поради неговата бањска архитектура, разновидниот пејзаж и неговите долги и песочни плажи.

Геологија

Риген, заедно со данскиот остров Мен на спротивната страна на Риген во Балтичкото Море, некогаш припаѓале на големо кредесто плато, кое било истуркано од тектонските движења на површината на земјата. Голем дел од ова копно исчезнало како последица на ерозијата, оставајќи два острови со нивните карактеристични бели кредести карпи.

мини|лево|’Рт Аркона

Географија

мини|лево|Национален парк Јазмунд, познат по неговите кредести карпи, симбол на Риген: Викториин поглед (Victoria-Sicht) и Кралски стол (Königsstuhl) од Балтичкото Море

Главниот дел на островот, познат како Мутланд, е опкружен од неколку полуострови. На север се наоѓаат полуостровите Витов и Јазмунд, поврзани меѓусебно со песочниот теснец Шабе и со Мутланд со Шмале Хајде, насип кај Лицов и со фериботот Витов. Северните полуострови се одвоени од Мутланд од неколку заливи или лагуни (т.н. bodden; плитки води), најголеми од нив се Голем Јазмундски Залив и Мал Јазмундски Залив. Поголеми полуострови на југот се Цудар и Менхгут, кои се граничат со Грајфсвалдскиот Залив.

Риген има вкупна површина од 926,4 км2 или 974 км2, ако се вклучат и блиските мали острови. Максималниот пречник е 51,4 километри од север кон југ и 42,8 километри од исток на запад. Со вкупнo крајбрежје од 574 километри, 56 километри претставуваат песочни плажи на Балтичкото Море и 2,8 километри песочни плажи на заливите. Највисоки точки на островот се на полуостровот Јазмунд: Пикберг (161 м) и Кенигштул (117 м).

Северниот дел на Грајфсвалдскиот Залив, Ригенскиот Залив, е голем залив во јужниот дел на островот Риген, додека островот Вилм се наоѓа близу заливот. На западниот крај на заливот, полуостровот Цудар води до најјужната точка на Риген (Палмер Орт), додека на источниот крај многу развлечениот полуостров Менхгут навлегува во морето. Овој полуостров завршува на исток до ’ртот Нордперд близу Герен и на југ до ’ртот Зидперд кај Тисов. Во западниот дел на полуостровот Менхгут, теснецот во должина од 5 километри, Редевиц Хефт, ги раздвојува двата залива Хавинг и Хагенше Вик.

мини|Бинц

Североисточниот дел на островот Риген е создаден од полуостровот Јазмунд, кој е поврзан со срцето на островот, Мутланд, преку теснецот Шмале Хајде помеѓу Бинц-Прора и Засниц-Мукраин и преку железничкиот и патен насип кај Лицов. Шмале Хајде го раздвојува надворешниот залив Прорер Вик од лагуната Мал Јазмундски Залив. На полуостровот Јазмунд се наоѓаат Пикберг (161 м), највисока точка на Риген, и Кенигсштул, 118 метри висока кредеста карпа во Штубенкамер, која претставува највпечатлива знаменитост на островот. Друг теснец, Шабе, го поврзува Јазмунд со полуостровот Витов во северниот дел на Риген. Шабе, пак, го раздвојува надворешниот залив Тромпер Вик од лагуната Голем Јазмундски Залив. Полуостровот Витов и долгиот и тесен полуостров Буг во западниот дел се одвоени од главното копно на Риген од Расовер Штром, Брецер Боден и Брегер Боден. Полуостровот Витов се граничи на север со ’ртот Аркона. Нешто помалку од еден километар на северозапад се наоѓа најсеверната точка на Мекленбург-Западна Померанија.

Северозападните и западните страни на Риген се исто така крајно развлечени, но малку порани. Во морето се наоѓаат поголемите острови Хидензе и Уманц, како и помалите острови Ее, Либиц и Хојвизе. Балтичкото Море постојано го носи и отстранува песокот од северниот и јужниот дел на Хидензен, инаку Хидензе ќе се спои со Риген за неколку години.

Срцето на Риген е прилично ридесто и областа е главно земјоделска. Источно од градот Берген на Риген височината изнесува до 90 м и до 107 метри во југоисточниот дел кај Границ. Почвата на Риген е многу плодна и продуктивна, особено во Витов, житницата на островот. Постојат и неколку јагленокопи.

Климата е умерена. Зимите не се особено ладни, со просечни температури во јануари и февруари од 0 °C, а летата се свежи, со просечни температури во август од 16,3 °C. Просечните врнежи се движат од 520 до 560 мм и околу 1800-1870 сончеви часови годишно.

Два германски национални паркови се наоѓаат на Риген: Национален парк Западнопомерански лагуни, во западниот дел (вклучувајќи го Хидензе) и Национален парк Јазмунд, помал парк вклучувајќи ги познатите кредести карпи (Кенигсштул). Исто така, постои и природен резерват, Биосферен резерват Југоисточен Риген, кој се состои од полуостровите на југоистокот.

Администрација

Административно, Риген е дел од округот Западна Померанија-Риген. Негови единици се општинските заедници Берген на Риген (Берген на Риген, Бушвиц, Гарц, Густов, Лицов, Пархтиц, Пациг, Позериц, Ралсвик, Рапин и Зелен), Запад-Риген (Алтефер, Дрешвиц, Гингст, Хидензе, Клис, Нојенкирхен, Рамбин, Замтенс, Шапроде, Трент и Уманц), Север-Риген (Алтенкирхен, Бреге, Дранске, Глове, Ломе, Путгартен, Загард, Вик) и Менхгут-Границ (Бабе, Герен, Ланкен-Границ, Миделхаген, Зелин, Тисов и Цирков) и слободните општини и градови Бинц, Путбус и Засниц. Вкупно има 45 општини на Риген, четири од нив имаат статус на град (Берген, Гарц, Путбус и Засниц).

Историја

мини|Едно од многуте мегалитски места на Риген мини|Карта од 1608 од Ајлхардус Лубинус мини|Сликата на романтистичниот сликар Каспар Давид Фридрих насловена: Варовни карпи на Риген мини|Замок Ралсвик

Праисторија и Германи

Откритијата во плитките води (bodden) означуваат дека постоеле населби уште од камено доба. Низ целиот остров постојат бројни камени споменици, како мегалитски гробови и камени олтари кои опстојале до денешен ден. Околу времето на раѓањето на Христос, жителите на Риген биле дел од источногерманското племе Руги, кои живееле во областа која подоцна станала Западна Померанија и кои го дале името на островот. Ругите најверојатно потекнуваат од Скандинавија или од автохтононите племиња. При Големата преселба на народите, многу Руги се преселиле на југ и основале царство во Панонија.

Словенски Рујани

Од век, западнословенските Рујани направиле царство на Риген и соседниот брег помеѓу реките Рекниц и Рик, кое ја обележило историјата на Балтичкото Море, а околните Ободрити (на запад) и Љутичи (на југ) го заземале копното следните неколку векови. Многу траги од нивниот живот можат да се најдат и денес. Основата на нивната голема воена сила била комбинација на рујанската морнарица и поволната географска положба. Данска, која во тоа време била многу успешна во Британија и Скандинавија, не била способна да се справи со своите рујански соперници во Балтичкото Море ниту да го заштити својот брег од рујанската војска до почетокот на век. Во меѓувреме, Рујаните изградиле бројни замоци и храмови во триаголникот Барт-Јазмунд-Гристов. Храмот на Јаромарсбург, на северниот крај на Риген и посветен на богот, Световид, бил значаен и надвор од границите на рујанското царство. По падот на Ретра станал главен храм за паганските Словени. Административен центар на царството било Кореница (или Каренц; веројатно кај денешниот Гарц или Венц). Главен трговски центар на царството било Ралсвик на најјужната точка на Големиот Јазмундски Залив.

Кнежевство под данско сузеренство

Во 1168, данскиот крал, Валдемар I Велики и неговиот воен командант и советник, бискупот Абсалон од Роскилде го уништиле храмот на Световид на ’ртот Аркона, ставајќи крај на територијалната и верската автономија на Рујаните; нивните поранешни монарси станале дански принцови на Риген. Рујанскиот принц, Јаромар I (п. 1218) бил вазал на данскиот крал и го донел христијанството на островјаните. Во 1184, Померанците, чија власт претходно била проширена до земјите на Гицков и Демин и така станале директни соседи на тогашното данско Кнежевство Ругија, биле овластени од нивните господари, Светото Римско Царство, да го заземат Риген за царството, но биле поразени во Грајфсвалдскиот Залив.

Под данска власт, Кнежевството Ругија го променило својот карактер. Биле основани дански манастири (н.п. Манастирот Берген во 1193 и Манастирот Хилда, денес Манастир Елдена, во 1199). Германските доселеници се населиле на земјата и набрзо станале најголемата и културно највлијателна група во населението. Словенското културно влијание исчезнало, главно поради недостигот на нивните словенски црковни структури, па така Рујаните биле асимилирани во периодот кој следел во германизирани луѓе на Риген. Покрај доселувањето на земјата и изградбата на нови манастири и цркви, биле основани и нови градови. Во 1234 принцот на Риген Вицлав I го основал градот Штралзунд и му доделил пазарни права на Грајфсвалд во 1241. Моќта на градовите започнале брзо да се зголемува, приморувајќи ги владетелите на Риген да прават отстапки, на пример, замокот на принцот во Барт бил напуштен, а Шадегаст, населба на принцот близу градот Штралзунд, била напуштена во корист на поголемиот град.

Во 1304, бура позната како Поплава на Сите Светци, го уништила островот и го поплавила полуостровот помеѓу Менхгут и Руден.

мини|Навлегувањето на Риген од Бранденбург-Прусија на Нојкамп во 1678 (изгравирано од Јан Лујкен).

Нацистичко време

Нацистичка Германија изградиле огромно одморалиште Прора, планирано од организацијата Сила преку радост, која се занимавала со слободното време на луѓето во тоа време. Меѓутоа, Прора никогаш не била завршена.

Во 1936 бил изграден првиот мост кој го поврзал Риген со копното („Ригенски насип“), заменувајќи ги поранешните фериботи.

Насловот даден на операцијата командувана од Волфрам фон Рихтхофен, со која бил бомбардиран градот Герника во текот на Шпанската граѓанска војна, била именувана по островот. Операцијата СИГИНТ на Абверот во текот на истата војна била именувана Операција Боден по протокот кој го раздвојува Риген од германското копно.

По Втората светска војна, источногерманските и советските власти ги протерале земјопоседниците од копното на островот.Exorcising Hitler, The Occupation and Denazifcation of germany, by Frederick Taylor, Bloomsbury Press

Источна Германија

По Втората светска војна, Риген станал дел од покраината Мекленбург во рамките на Источна Германија. Во 1952 островот станал дел од Округот Росток.