thumb|right|200px|Ливија, првата Августа, во 14.

Августа () — женски облик на титулата „Август“ (Augustus). Обично се давала на сопругите или роднините на римските цареви. Во III век, овие жени исто така можеле да ги добијат и титулите Матер кастрорум и Матер патриае.

Список на Августи

14 - Ливија, жена на Октавијан Август. 41 - Антонија Минор, мајка на Клавдиј. 50 - Агрипина Помладата, жена на Клавдиј. 64 - Попеја Сабина и Клавдија, жена и ќерка на Нерон. пред 80 - Флавија Домицила, жена на Веспазијан.

105 - Помпеја Плотина и Улпија Марцијана, жена и сестра на Цар Трајан. 112 - Салонина Матидија, внука на Трајан. 128 - Вибија Сабина, жена на Адријан. 138 - Фаустина Постарата, жена на Антонин Пиј. 146 - Фаустина Помладата, ќерка на Антонин Пиј, жена на Марко Аврелиј, мајка на Комод. 164 - Луцила, жена на Марко Аврелиј и жена на Луциј Вер. 177 - Брутија Криспина, жена на Комод. 193 - Манлија Скантила и Дидија Клара, жена и ќерка на Дидиј Јулијан.

210s - Флувија Плаутила, жена на Каракала 220 - Аквилија Севера, втора и четврта жена на Елагабал. 220s - Јулија Авита Мамеја и Салустија Орбијана, мајка и жена на Александар Север. 238 - Сабина Транквилина, жена на Гордијан III. 240s - Отацилија Севера, жена на Филип Арапот. 240 - Херенија Етрускила, жена на Дециј Тајан, мајка на Херениј Етрурецот и Хостилијан. 250-ти - Маринијана, wife of Валеријан. c. 250 - Корнелија Салонина, жена на Галиен. 253 - Корнелија Супра, жена на Емилијан. 260 - Сулпиција Дријантила, жена на Регалијан. 274 - Улпија Северина, жема на Аврелијан, веројатно единствената Августа сама за себе. 283 - Магнија Урбика, жена на Карин.

308 - Галерија Валерија, ќерка на Диоклецијан и жена на Галериј. по 312 - Хелена Константинополска и Константина, мајка и ќерка на Константин I. пред 385 - Елија Флакила, жена на Теодосиј I. ц. 416? - Гала Плацидија, ќерка на Теодосиј I, жена на Константин III, мајка на Валенцинијан III.

439 - Лицинија Евдоскија, жена на Валенцинијан III. ц. 440 - Јуста Грата Хонорија, сестра на Валенцинијан III.

ц. 5000 - Теодора, ко-регент и сопруга на Јустинијан I 568 - Елија Софија, консорт а потоа и регент, сопруга на Јустин II

Категорија:Римски царици