Тумба Чебрен — археолошко наоѓалиште во историското битолско село Чебрен кое денес потпаѓа во атарот на селото Зовиќ. Претставува населба од римско и доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на околу 3 км западно од селото Зовиќ, на падините на ритчето Марта, на височинка со надморска височина од околу 550 м. Највисокиот дел од височинката е заграден со одбранбени ѕидови, со простор од 700 м2 кој ја означува населбата од римскиот период. Населбата од доцноантичкото време зафаќа простор од 2,4 хектари и е оградена со импозантни одбранбени ѕидови од јужната страна. Егзистирала сè до паѓањето под турска власт, по што е сведена на манастирски комплекс, ограден од трет ѕид кој само се насетува на теренот. Во неговите рамки се населбата, Чебренскиот манастир со црквите „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“. Целиот комплекс зафаќа површина од 27 хектари, која од три страни (јужната, западната и северната) е заокружена со Црна Река.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Марта — некропола од железно време; Чебрен; Зовиќ; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Надворешни врски Град Чемрен, рудничка крепост.

Категорија:Чебрен Категорија:Зовиќ