Тумба или Селски Гробишта — археолошко наоѓалиште во битолското село Новаци. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на 500 м северно од селото, веднаш до левата страна на патот за Добромири. Тумбата има средна големина, со зачувана височина од 6 м и неправилна кружна основа. Во Првата светска војна при копањето на ровови се направени значителни оштетувања, а во поново време тука се сместени селските гробишта. По површината може да се сретнат многубројни фрагменти од керамички садови и орудија од камен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Новаци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Новаци