Раџа Наинголан (роден во Антверпен на 4 мај 1988 година) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на .

Неговиот прекар е Нинџа.

Животопис Раџа Наинголан е роден во Антверпен, на 4 мај 1988, син на Лизи Богертс, на белгијка католик по етничка група фламанка и Маријанус Наинголан индонезијец протестант по етничка група Батак, луѓе од Индонезија кој живеат на запад каде поголемиот дел се христијани сконцентрирани најчесто во Северна Суматра. Татко му ја напуштил неговата мајка и неговите браќа оставајќи ги во несигурна ситуација кога Раџа уште бил дете. Израснал како верник-католик, покренат од страна на неговата мајка, која починала во 2010 година: по нејзината смрт, во спомен и чест на неа, тој имал истетовирано две големи крила на грбот, со датумите на раѓање и смрт на мајка му. Раџа зборува пет јазици : фламански, холандски, англиски, италијански и го разбира францускиот.

Тој се оженил со сопругата Клаудија на 3 мај 2011, со која тој имал ќерка, Ајша, родена на 30 јануари 2012.

Во јуни 2013 тој за првпат ја посетил Индонезија, каде што бил примен од страна на министерот за млади и спорт.

Тој има сестра близначка која се вика Риана, исто така фудбалер, која играл за женскиот тим на Ројал Антверпен.

Технички одлики Како играч од средниот ред, има точни и прецизни подавања, а исто така плени со својата борбеност. За време на периодот кога настапувал за Каљари бил користен и како плејмејкер зад двајцата напаѓачи.

Клупска кариера Почетоците и пристигнувањето во Пјаченца Раџа како дете растел играјќи фудбал во младинските категории на Жерминал Биршот (белгиската прва лига) до 2005 година кога бил забележан од страна на скаутот Алесандро Белтрами, и се преселил во италијанската Пјаченца, која во таа сезона се натпреварувала во Серија Б. Токму Пјаченца ќе биде градот каде ја започнал својата професионална кариера, правејќи го своето деби за првиот тим во сезоната 2005-06, на 28 мај 2006 во натпреварот Пјаченца - Арецо (2-3). Тој останал во младинскиот состав на клубот од Емилија, дури и во следната година, така што повторно имал само еден настап за првиот тим, пред да стане редовен играч во првиот тим на Пјаченца следната сезона, каде што тој играл на 10 натпревари.

Во сезоната 2008-09 сезона, Наинголан бил стандарден првотимец за Пјаченца, играјќи на 38 натпревари од вкупно 42 и постигнал три гола, со кои придонел за опстанокот на клубот во лигата. Исто така бил стандарден и во следната полусезона, играјќи во сите натпревари од првиот круг на сезоната во Серија Б (21 натпревар) и бил стрелец на еден гол. За црвено-белите Наинголан има вкупно 71 првенствен настап и 4 постигнати гола.

Каљари На 27 јануари 2010 заминал во Каљари на заем со право на откуп (за возврат, Сардинијците во Емилија го испратиле Михаил Сиваков). Тој го направил своето деби во Серија А на 7 февруари 2010 во поразот од Интер со 3-0. По седум настапи за клубот во 21 јуни 2010, Каљари објавува дека откупиле половина од неговиот договор. Во првиот дел од сезоната 2010-11 играл како стартер во изборот на тренерот Пјерпаоло Бисоли во отсуство на капитенот Даниеле Конти, играјќи против Палермо и Рома дал позитивни придобивки кои го одржуваат во улогата на стартер, дури и кога Бисоли бил заменет со Роберто Донадони. На 31 октомври 2010 , во деветтото коло од првенство, го забележал својот прв гол во Серија А против Болоња со волеј-удар со десната нога.

На 31 јануари 2011 на крајот на зимскиот трансферен прозорец, Каљари ја откупил и втората половина од неговиот договор. Три дена подоцна тој го постигнал својот втор гол за клубот, откако ја погодил мрежата на Сампдорија со удар од далечина по соло акција.

За сезоната 2011-12, перформансите сега веќе на белгискиот репрезентативец, го привлекле интересот на клубови како што се Јувентус и Манчестер Сити. Сепак, играчот останал во Каљари и се натпреварувал во 37 натпревари во лигата и создавајќи во кој постигнал само еден гол на 21 септември 2011 во поразот (3-2) од Палермо.

За време на сезоната 2012-13 постигнал 2 гола во 34 настапи, првиот против Болоња со шут надвор од шеснаесетникот, а вториот против Рома на Олимпико. На 5 октомври 2013 го обновил договорот со клунот од Сардинија до 2016.

Рома На 7 јануари 2014 дошол на заем во Рома за 3 милиони евра, а договорот исто така обезбедува и опција за перманентен трансфер, Рома ќе може да купи 50% од сопственоста на играчот за 6.000.000 евра. Два дена по неговото комплетирање на трансферот со Рома играл во италијанскиот куп против Сампдорија, во натпревар кој Рома го добила со 1-0. Дебито за новиот клуб во Серија А го направил на 12 јануари против Џенова (4-0).

Репрезентативна кариера Тој бил дел од репрезентацијата на Белгија под 21 година во периодот 2007-2010, за која одиграл 13 натпревари и постигнал еден гол.

Тој го направил своето деби за сениорска селекција на 29 мај 2009 во натпревар против Чиле во Кирин купот, што завршил со резултатот 1-1. Во ноември 2011, тој буквално го имал вториот настап во пријателски натпревар против Романија.

Хронологија на репрезентативни настапи и голови

Статистика на кариерата Статистика е ажурирана на 14 февруари 2014.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноЛигаНастГолКупНастГолКупНастГолКупНастГолНастГол 2005-2006 Пјаченца Б 1 0 КИ 0 0 - - - - 1 0 2006-2007 Б 1 0 КИ 0 0 - - - - 1 0 2007-2008 Б 10 0 КИ 1 0 - - - - 11 0 2008-2009 Б 38 3 КИ 1 0 - - - - 39 3 2009-јан. 2010 Б 21 1 КИ 1 0 - - - - 22 1Вкупно Пјаченца 71 4 3 0 - - - - 74 4 јан.-јун. 2010 Каљари А 7 0 КИ - - - - - - 7 0 2010-2011 А 36 2 КИ 2 0 - - - - 38 2 2011-2012 А 37 1 КИ 2 0 - - - - 39 1 2012-2013 А 34 2 КИ 1 0 - - - - 35 22013-јан. 2014 А 17 2 КИ 1 0 - - - - 18 2Вкупно Каљари 131 7 6 0 -- - - 137 7 јан.-јун. 2014 Рома А 3 0 КИ 3 0 - - - - - - 6 0Вкупно во кариерата 205 11 12 0 - - - - 217 11

Наводи

Надворешни врски Раџа Наинголан на soccerway Раџа Наинголан на Transfermarkt Раџа Наинголан на Goal.com Раџа Наинголан на espn Раџа Наинголан на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Пјаченца Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1988 година