Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Вашарејца. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км североисточно од селото, во непосредната близина на Црна Река, каде при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се монети од Анастасиј кои се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Вашарејца; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Вашарејца