Роже Мила (роден во Јаунде на 20 мај 1952) е поранешен камерунски фудбалер кој играл како напаѓач. Тој бил еден од првите африкански играчи кој станал голема ѕвезда на меѓународната сцена. Играл на три светски првенства за Камерун.

Најголемиот дел од клупската кариера го поминал играјќи во Франција за екипите на Валансјен, Монако, Бастија, Сент Етјен и Монпелје. Исто така добар дел од својата кариера поминал играјќи во својата татковина, особено успешен бил во периодите додека настапувал за екипите на Леопард и Тонер.

Мила стекнал статус на интернационална ѕвезда на 38 години, возраст на која многу напаѓачи заминуваат во пензија, но тој со постигнатите 4 гола на Светското првенство 1990 и неверојатниот момент кој дошол во натпреварот против Колумбија кога му ја одземал топката на голманот Рене Игита на 20-тина метри од противничкиот голот и ја пратил во празната мрежа, оставаат силна трага зад неговото име.

Кога тој настапил на Светското првенство 1994 имал 42 години, со што е најстариот играч на завршницата на светските првенства; неговиот гол против Русија во групната фаза го прави најстариот стрелец во историјата на светските првенства.

Титули Клубови Леопард Дуала Камерунско првенство (2) : 1972, 1973.

Тонер Куп на Камерун (1) : 1974.

Монако Куп на Франција (1) : 1979-1980.

Бастија Куп на Франција (1) : 1980-1981.

Монпелје Лига 2 (1) : 1986-1987.

Репрезентација Камерун Африкански Куп на Нации (2) : 1984, 1988.

Надворешни врски Worldwide soccer information Best African Player in The Past Fifty Years

Категорија:Камерунски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Монпелје Категорија:ФИФА 100 Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1952 година