Црквиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Трап. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. Се наоѓа југозападно од селото, во непосредната близина на селската црква „Св. Петка“, каде се издига тумба со неправилна кружна основа, со пречник од околу 220 м и зачувана височина до 5 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, камени и коскени орудија. Исто така, се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Трап — некропола од железно време; Св. Петка — осамен наод од старохристијанско време; Трап; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трап