Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Горно Агларци. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на оддалеченост од околу 700 м западно од селото и на околу 500 м источно од Црна Река, каде во рамнината се издига блага височинка со кружна основа во пречник од 90 м. По површината на тумбата се среќаваат фрагменти од керамички садови, куглички за праќа, орудија од камен и сл.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горно Агларци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Горно Агларци