Динариди или Динарски Планини, Динарски Алпи — планински венец во југоисточна Европа кој минува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија (со Косово и Метохија), Албанија, навлегувајќи и во Македонија.
Долг е 645 км и се протега долж крајбрежјето на Јадранското Море, од Јулиските Алпи на северозапад, па до масивот Шара-Кораб. Највисока планина е Проклетие, на црногорско-албанската граница, со Езерскиот Врв (2.694 м).
Овој венец е меѓу најдолгите и најстрмните во Европа — по Кавказ, Алпите, Пиринеите и Скандинавските Планини. Составени се претежно од мезозојски и кенозојски седиментни карпи од доломит, варовник, песок и конгломерати од езерата и морињата кои некогаш ја прекривале нивната територија.
Во текот на алпската орогенеза пред 50–100 милиони години, огромниот страничен притисок создал превиткувања и свлекувања во карпите во облик на голем лак. Динаридите излегле во приближно напоредни венци, протегајќи се како ѓердан од Јулиските Алпи до северна Албанија, каде планинскиот терен се спушта во долините на Дрим и ниските предели на Косово и Метохија. Потоа се издигаат планините Шара и Кораб, па ваквиот терен продолжува во Егејска Македонија, Грција и планините на Пелопонез и Крит, Родос, па сè до Таур во јужна Турција.
Венецот е наречен по планината Динара (1.913 м), на границата помеѓу Хрватска и БиХ.
Геологија мини|десно|Поглед на Биоково кај Макарска. Мезозојските варовнички облици се многу својствени за овој дел од Балканот. Карактеристичен за тие предели е карстот. Во леденото време не постоеле трајни покривки од мраз и немало значајна глацијација. Леднички долини и морени имаат само највисоките делови како Дурмитор, Орјен и Прењ до 600 м. Поради посебната посетавеност, Проклетие има историја на глацијација.
Од особено значање за месната геологија се варовничките карпи со раседи. Тие тешко и бавно еродираат и опстојуваат како стрмни свлечишта, низ кои реките имаат пробиено високи клисури и кањони. мини|десно|Масивот Горјанци (Жумберак) на словеечко-хрватската граница Ова е впрочем најваровничкиот дел на Европа. Ваквите карпи се порозни, но мошне црвсти и отпорни на ерозија. Најголема разјадлива сила е водата, која го растрова варовникот со својата природна киселост. Како што се цеди низ пукнатините во карпата, водата отвора и проширува процепи и канали до значителна длабочина, со што се создаваат големи подземни исцедни системи. Како што се спушта низ долгите периоди, водата зад себе остава суви пештери, вртачи и капрести вдлабнатини, како и лавиринт од подземни премини и окна. По извесно време, покривките на овие празнини се срушуваат навнатре и создаваат високи и многу стрмни клисури, и водата пак се враќа на отворено. Вака се создадени велелепните клисури на разни динарски реки како Врбас, Неретва, Тара и Лим.
Историја на подрачјето По планинските предели се забележуваат срушени тврдини кои сведочат за долговековните војувања на народите во регионот. Во римскиот период, Динаридите биле збег за илирското нсаеление што им пружало отпор римските на освојувања кои почнале од јадранското крајбрежје уште од III век п.н.е. Во 168 г. п.н.е. Рим ја зазел цела Илирија, но Динаридите продолжиле да ги штитат востаниците сè до 14 г. Истите планини се причината што Отоманското Царство не успеале наполно да ја освојат Црна Гора. Во XX век планините повторно се покажале погодни за герилско војување, кога партизаните успешно извеле бројни акции против германскиот окупатор за време на Народноослободителната војна.
Населеност и стопанство Планините и денес се слабо населени, а главни стопански активности се шумарството и рударството. Населението на Динаридите е највисоко по раст во светот, со просек од 185,6 см за мажи и 171,0 см за жени.
Планински превои Најголеми превои на Динаридите се следниве:Summitpost. Dinaric Alps: Passes in the Dinaric Alps, Постоинска Врата, Словенија (606 м) Вратник, Хрватска (850 м) Дебело Брдо, Србија (1.094 м) Книнска Врата (~700 м) Вагањ (1.137 м) Иван-седло, БиХ (967 м) Чемерно, БиХ (1.329 м) Црквине, Црна Гора (1.045 м) Чакор, Црна Гора (1.849 м)
Тунели Поважни тунели што минуваат низ Динаридите се:
Тухобиќ, Хрватска Свети Рок, Хрватска Мала Капела, Хрватска
Планини и висорамнини мини|десно|Поглед на Езерски Врв, Проклетие
Динаридите ги опфаќаат следниве планини и висорамнини.
Албанија
Езерски Врв (највисок) Отворена Уста Радохима Поплукс Бријасет Железна Планина Шникут Тат Добра Колата Роса Кокервхаке Шкурт Малесор Рагам Бојс Вукоцеш Шкелзен Какис Птичја Висорамнина
Босна и Херцеговина мини|десно|Јахорина во Република Српска Белашница Цинцар Црвањ Чабулја Чврсница Динара Грмеч Игман Хахорина Јавор Камешница Клековача Коњух Козара Лебршник Лелија Орјен Осјеченица Озрен Маглиќ Мајевица Мотаица Прењ Плешивица Радуша Раван Романија Требевиќ Трескавица Шатор Требава Вележ Височица Власулја Власиќ Волујак Вран Враница Зеленгора Звиезда
Словенија Жумберак (Горјанци) Камбрешко и Бањшка Висорамнина Трновска Шима, Нанос и Хрушица Јаворники и Снежник Идриски Ридови Кримски Ридови и Менишија Блоке Велика Планина, Стојна и Готеница Мала Планина, Кочевски Рог и Полјанска Планина Сува Краина и Добреполе Радуљски Ридови
Србија мини|десно|Ѓеравица зиме
Тара Златибор Златар Голија Јадовник Јавор Озрен Мучањ Повлен Радочело Малјен Чемерно Жилиндар Бобија Пештер Гилјева Јелица јабланик Медведник Камена Гора Јабука Гвоздачки Карпи Чемерница Јаворје Гаева Планина Кукутница Овчар Соколска Планина Борања Побиеник Муртеница Градина Рогозина Субјел Биќ Црвена Гора Јагодња Каблар Маглеш Козомор Јарут Битовик Голубац Нинаја Бањско Брдо Проиќ Крстац Дрмановина Црнокоса Јелова Гора Оштрик Црни Врх Пометеник Малич Благаја Хум Звиезда Дрежничка Градина Мокра Гора Сувобор Гучево Поникве Дебело Брдо Стојаковачка Планина
Косово и Метохија Ѓеравица Гусан Маријаш Ветерник Богиќај Лиќенат
Хрватска мини|десно|Поглед на Динара, по која е наречен целиот венец Динара Камешница Велики Козјак Мосор Онишка Динара Биоково Вргорско Горје Учка Ќиќарија Велебит Свилаја Велика Капела Мала Капела Жумберак
Црна Гора Бела Гора Дурмитор Орјен Зла Колата
Наводи
Надворешни врски
Проект „Откријте ги Динаридите“ — националните паркови на планинскиот венец и поширокиот регион
Категорија:Планински венци во Албанија Категорија:Планински венци во Босна и Херцеговина Категорија:Планински венци во Словенија Категорија:Планински венци во Србија Категорија:Планински венци во Хрватска Категорија:Планински венци во Црна Гора Категорија:Планини во Косово