Динара () — планина на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, по која е наречен целиот венец Динариди. Има два значајни врва: Троглав (1.913 м) и истиомениот врв Динара (1.831 м).Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г, стр. 42 Второнаведениот врв е највисок во Хрватска и има облик на камена човечка глава. Топографската истакнатост му изнесува 728 м.Динара — Peakbagger
Самото име „Динара“ е од келтско потекло. Има варовнички карстен состев како и целиот венец наречен по неа.
Големина Динара се протега од превојот Дерала (965 м) на северозапад до превојот Привија (1.230 м), кој се наоѓа 20 км на југоисток, кајшто почнува планината Камешница. Широка е до 10 км.
Клима
Динара е оддалечена само неколку десетици километри од Јадранското Море, како дел од областа Загора во Далмација, но има многу постудена планинска клима, Со просечна температура од 2 до 4 °C на врвовите, ова е меѓу најстудените места во Хрватска.Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 36 Има високи просечни врнежи и 1.700-1.900 сончеви часови годишно.Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 37
На самата планина нема трајни населби, само бачила на овчарите од блиската долина на реката Цетина.
Туризам
За најпривлечен дел од планината се смета југозападниот масив, долг 6 км и висок до 1700 метри. Погледот на долините под планината е живописен, но нема значаен број на планинари. Исклучок е врвот Ошљак (1.706 м).
Фауна
На Динара живее загрозениот ендемски подвид на глодач — динарската високопланинска полјанка (Dolomys bogdanovi longipedis).
Поврзано Динариди Список на планини во Босна и Херцеговина Список на планини во Хрватска
Наводи
Надворешни врски Динара — SummitPost
Категорија:Динариди Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Планини во Босна и Херцеговина Категорија:Босанско-хрватска граница Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Европа