Таијас "Тај" Браунинг (роден на 27 мај 1994 во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Евертон.
Технички одлики Талентиран десен бек познат по неговото брзо темпо и физичка сила.
Кариера Клубови Евертон Роден во Ливерпул, но има кинеско потекло. Браунинг се приклучил на академијата на Евертон во 2004 година и оттогаш има забележано некои импресивни достигнувања за време на неговиот престој во клубот. Тој направил неколку настапи за Евертон во категоријата под 18 години во текот на сезоната 2009-10, а исто така бил дел од тимот на карамелите кој настапил на FA Youth купот.
Во јуни 2011 година, Браунинг потпишал двегодишен професионален договор со клубот, само неколку недели откако му помогнал на составот под 18 години да ја освои националната титула.
Тој сега е редовна стартер во тимот под 21-на година, а во април 2012 година, им помогнал да стигнат до последните четири на Далас купот. На 30 декември 2012, тој бил повикан за натпреварот на првиот тим на Евертон од менаџерот Дејвид Мојес во поразот од Челзи со 1-2, но останал неискористена резерва.
По враќањето од заем го имал својот втор повик за првиот тим на 1 март 2014, во победата над Вест Хем Јунајтед со 1-0, но ниту новиот менаџер Роберто Мартинес не му дал шанса да дебитира.
Виган Атлетик На 10 јануари 2014, Браунинг заминал на едномесечен заем во Виган Атлетик, правејќи го своето професионало деби еден ден подоцна против Борнмут во победата од 3-0, заменувајќи го Џејмс Перч во второто полувреме.
Репрезентативна кариера Браунинг бил повикан во репрезентацијата на Англија до 17 години заедно со својот соиграч од академија на Евертон Џон Лундстрам.
Во март 2013, е повикан за репрезентацијата на Англија до 19 години, а своето деби го направил во натпревар против Турција.
Тој исто така има право да ја претставува репрезентацијата на Кина на меѓунродно ниво.
Надворешни врски Таијас Браунинг на soccerway Таијас Браунинг на transfermarkt
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1994 година