Армјанск (, , , ); порано: Армјански Базар (рус. ) — град во северниот дел на Крим, Русија. Се наоѓа на пристапниот дел кон полуостровот — Перекопскиот Провлак. Населението брои 22.592 жители (2012).
Основан е на почетокот на XVIII век од Ерменци и Грци, дојдени од блискиот град Ор Капи (денес Перекоп). Првото име на Армјанск е Ермени Базар (), што значи „Ерменски Пазар“.
Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.
Население 1926 — 2.670 жит. (1.159 Украинци, 614 Руси, 572 Кримски Татари, 157 Евреи, 22 Германци, 14 Ерменци, 6 Грци) 1939 — 3.975 жит. 1989 — 24 833 жит.Крымскотатарская энциклопедия. II том. Л-Я. Составитель проф. Рефик Музафаров. Симферополь, 1995. 2001 — 24.508 жит. 2010 — 22.711 жит. 2011 — 22.592 жит. 2012 — 22.468 жит.
Според податоците од Сеукраинскиот попис на населението во 2001 г., општината Армјанс (градот и три села) броела 26.867 жители. Најголемиот дел од населението се Руси. Подробниот етнички состав бил следниов:
Руси — 50,7% Украинци — 32,2% Кримски Татари — 3,5% Молдавци — 0,3%Дністрянський М. С. Етнополітична географія України. Львів: Літопис, 2006. С.452-453.
Поврзано Армјанск (општина)
Наводи
Надворешни врски
Инфопортал на Армјанск Општински портал на Армјанск
Категорија:Градови во Крим Категорија:Ерменци