Западен Тимор (индонезиски: Timor Barat) — западниот дел на островот Тимор, дел од индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара. Источниот дел на островот е независната држава Источен Тимор. Западен Тимор е доминантно христијански регион.

За време на колонијалниот период, Западен Тимор бил познат како Холандски Тимор и бил центар на холандските лојалисти за време на Индонезиската национална револуција (1945–1949).

Географија Западен Тимор има вкупна површина од 15.850 км2 и го зазема западниот дел на островот Тимор. Највисоката точна во Западен Тимор е Мутис со 2.427 метри. Најјужниот остров во Индонезија, Роте, е југозападно од Западен Тимор. Најголем град во Западен Тимор е Купанг.

Административна поделба Западен Тимор е дел од покраината Источна Нуса Тегара. Порано бил поделен на Град Купанг и четири округа. Во 2012 година бил основан и петтиот округ. Околу 35% од населението на покраината живее во Западен Тимор.

име адм. центар проц. статут површина (км²) население попис 2019 Купанг Оеламаси 1958 UU 69/1958 Јужноцентрален Тимор Сое 1958 UU 69/1958 Северноцентрален Тимор Кефаменану 1958 UU 69/1958 Белу Атамбуа 1958 UU 69/1958 Малака Бетун 2012 UU 69/2012 Град Купанг * Западен Тимор Град Купанг

Демографија

Населението на Западен Тимор е доминантно христијанско, односно 56% се Католици, 35% се Протестанти и само 8% се Муслимани. Има околу 1.8 милиони жители во регионот според податоците од 2008. Доминантен јазик е индонезискиот јазик, но населението зборува и на други австронезиски јазици, меѓу нив тетумски, уаб мето, ндаонаски и др.West Timor Island Познавањето на холандскиот е денес само меѓу постарите лица и е ограничено.

Економија Просечната невработеност на Западен Тимор е 2.39%. 30% од населението живеат под линијата на сиромаштијата (според податоците од 1998 и 2012). Економијата е претежно земјоделска.

Наводи

Поврзано Тимор Источен Тимор

Надворешни врски Преглед на Западен Тимор

Категорија:Тимор Категорија:Острови на Индонезија