Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото и 7 км источно од патот Битола-Лерин, како и на околу 1,5 км западно од коритото на Црна Река. Во основата има пречник од 240 × 240 м и зачувана височина од 4,5 м. Во 1988 година е вршено сондажно ископување при што е утврдена повеќеслојна населба од времето на раниот и средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Откриен е голем број подвижни предмети, и тоа: фрагменти од керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано На Тумба — населба од неолитско време; Трн Тумба — населба од неолитско време; Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период; Оптичари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Оптичари (село)