Московско време (, крат. MSK) — часовен појас кој важи за градот Москва и најголемиот дел од западна Русија, вклучувајќи го Санкт Петербург. Броејќи од запад, ова е вториот по ред часовен појас во Русија. На 26 октомври 2014 одговара според зоната: UTC+3 (целогодишна).
Овој часовен појас се користи низ цела Русија за возните редови на железничкиот и бродскиот сообраќај, додека пак возушниот сообраќај се води според месното време. Покрај ова, часовните појаси во земјата се опишуваат во однос на московското време наместо UTC. Така, времето во Јакутск (UTC+9) се наведува како MSK+6.
Употреба Московското време важи во европскиот дел на Русија (западно од Урал), со исклучок на Калининградската Област, каде важи UTC+3 (Калининградско време). Покрај ова, почнувајќи од 30 март 2014 г., московското време важи и во Крим, што уследило по припојувањето на републиката кон Русија.
Во минатото Пред 27 март 2011 г., московското време било во UTC+3 по зимско, а UTC+4 по летно сметање.
UTC+3 исто така важело во европските делови на поранешниот СССР:
Белорусија, in 1930–1991 Естонија, in 1940–1989 Латвија, in 1940–1989 Литванија, in 1940–1989 Молдавија, in 1940–1991 Украина, in 1930–1990 Калининградска Област (Русија), in 1946–1991 Самарска област (Русија), in 1989–1991, and again from 2010–2011.
Московското летно време (UTC+4) е воведено во 1981 г. и важело во: до 1988 г. во Естонија, Латвија, Литванија до 1989 г. во Белорусија, Молдавија и Украина до 1990 г. во Калининградската Област. од 1989 до 1990 и во 2010 г. во Самарската област.
Во 1922–30 и 1991–92 г., во Москва важело источноевропското време (UTC+2)
Поврзано Време во Русија
Наводи
Надворешни врски Московско време
Категорија:Часовни појаси Категорија:Време во Русија