Смолево — историско село на планината Баба, во атарот на денешното село Лавци, Општина Битола.

Денес, на местото на селото има мотокрос-патека и зачуваниот Смолевски манастир со црквата „Св. Атанасиј“.

Местоположба

мини|300п|лево|Поглед на Смолево во 1917 година

Смолево се наоѓало на планината Баба, југозападно од градот Битола, помеѓу селата Лавци и Буково.

Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археолошко наоѓалиште и мотокрос-патека.

Историја

Во месноста Црквиште-Рамниште кај Смолево е откриена средновековна населба.

Стопанство

Атарот на селото е заеднички со оној на селото Буково.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смолево живееле 5 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Смолево се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смолево имало 24 Македонци, под врховенството на Цариградската патријаршија..Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 168-169.

Селото е иселено и на негово место е зачуваниот манастир и мотокрос-патеката. Атарот е припоен кон селото Буково.

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Смолево било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Воздушен поглед на манастирот

Археолошки наоѓалишта Црквиште — средновековна населба.

Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна манастирска црква.

Манастири Смолевски манастир — манастир на местото на некогашното село

Параклиси Параклис „Св. Ѓорѓи“ — мал параклис.

Култура и спорт

Во атарот на селото се наоѓа истоимената мотокрос-патека.На „Смолево“ крај Битола се возеа мотокрос трки

Покрај оваа патека, во близина на некогашното село биле трасирани и четири велосипедски патеки во 2022 година со што Смолево прераснал во велосипедски парк.

Галерија

Поврзано Општина Битола Пелагонија

Наводи

Надворешни врски

† † † Категорија:Историски села во Македонија