19. влада на Македонија — прва политичка влада на Република Македонија, избрана на 4 септември 1992, по изгласувањето на недоверба на првата техничка влада. На нејзино чело е избран Бранко Црвенковски. Оваа влада го доврши мандатот на претходната влада и владее до 20 декември 1994.

Состав на владата Составот на Владата од 1992 година е следниот:Службен весник на РМ, 53/1992. Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ) Вицепремиери: Стево Црвенковски, Јован Андонов, Беќир Жута (ПДП) Одбрана: Владо Поповски (СДСМ) Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски (СДСМ) Правосудство и управа: Туше Гошев Надворешни работи: Денко Малески (СДСМ) Финансии: Џевдет Хајредини (ПДП) Економија: Петруш Стефанов Развој: Софија Тодорова Урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија: Антони Пешев Земјоделство, шумарство и водостопанство: Ефтим Анчев Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу (ПДП) Образование и физичка култура: Димитар Бајалџиев (СДСМ) Наука: Аслан Селмани Култура: Ѓунер Исмаил Здравство: Јован Тофовски Без ресор: Јане Миљовски, Љубе Трпески, Гордана Силјановска, Сервет Авзиу (ПДП)

Реконструкции на Владата На 6 јули 1993 година Ристо Иванов е избран за потпретседател на Владата, на местото на Стево Црвенковски, кој е избран за министер за односи со странство.Службен весник на РМ, 42/1993.

Во ноември 1993 година,„Груевски не ја прифати оставката на Јанакиески“ , „Вест“, 11.09.2009. по две авионски несреќи кои се случија во март 1993 во Охрид и ноември 1993 во Скопје, поднесе оставка министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија Антони Пешев.

Наводи

Категорија:Влада на Република Македонија од 1992