во јапонската поп-култура е млада медиумска личност (пејач, глумец, манекен итн.), обично тинејџер, со сладок и невин имиџ. Идоли се посебна категорија јапонски артисти.

Терминот се комерцијализира од јапонски агенции за таленти. Идолите се наменети да бидат идеален објект за љубовта на страсните обожаватели.

Исто така, постои мислење дека Јапонците гледаат идолите како сестри или „обични соседски девојки“.

Во јапонската поп-музика идоли претставуваат специфичен жанр, вид едноставни сентиментални песни, кои не изискуваат многу вокално мајсторство, но пејач треба да биде убав и сладок. Во нивниот секојдневен живот, идолите исто така треба да одговараат на нивните песни, да имаат кристално чист и светол имиџ, да бидат пример за младата генерација.

Историја Феноменот се појавил во почетокот на 1970-тите години поради популарноста на францускиот филм „Cherchez l'Idole“ („Барајте идолот“), кој се појавил по екраните во Јапонија во ноември 1964 година. Глумицата Силви Вартан, која ја игра главната улога, станува исклучително популарна. Терминот „идол“ почна да се користи за девојки, главно на возраст од 14 до 16 години, кои сега почнуваат својот пат кон славата или за многу млади нови ѕвезди.

Селективна список на јапонски идол групи Тоа е селективна список на јапонски идол групи (музички групи), поделена на проекти или агенции за таленти. AKB48 Stardust Promotion (агенција за таленти) Momoiro Clover Z Shiritsu Ebisu Chugaku Takoyaki Rainbow Hello! Project (агенција за таленти) Morning Musume °C-ute Berryz Kobo S/mileage Juice=Juice Buono! Fairies 9nine Sakura Gakuin

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јапонска култура Категорија:Популарна култура Категорија:Супкултури