Арпад Штербик (20 ноември 1980 година) е српски ракометен голман со шпански пасош. Висок е 200 см и тежок 120 кг. Со екипите за кои настапувал, Штербик освоил вкупно 55 медали и добил 8 поединечни награди.

Клупска кариера мини|Штербик во дресот на „Сиудад Реал“, 2010 г. Во 2005 година, Штербик бил прогласен за најдобар голман во Унгарија, а ИХФ го прогласила за најдобар светски ракометар. Потоа, Штербик играл во шпанската АСОБАЛ лига, каде настапувал за тимовите на Сиудад Реал, РК Атлетико Мадрид и РК Барцелона. Притоа, од 2006 до 2010 година, петпати по ред бил прогласуван за најдобар голман во лигата, а во 2006 година бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на лигата. Во јуни 2014 година, Штербик потпишал четиригодишен договор за РК Вардар од Скопје. мини|лево|Штербик како голман на „Барселона“, 2012 г.

Репрезентативна кариера Во својата кариера, Штербик играл за две репрезентации: СР Југославија и Шпанија и со двете освоил медали на светските првенства. На европското младинско првенство во 1998 година, Штербик освоил сребрен медал, а идната година, освоил златен медал на Универзијадата. На светското првенство во 2005 година, Штербик бил прогласен за најдобар голман. На светските првенства во 1999, 2001 и 2011 година, Штербик освоил бронзени медали, а на светското првенство во 2013 година, со репрезентацијата на Шпанија, конечно го освоил златниот медал."Штербик во Вардар доаѓа за да го освојат трофејот во ЛШ", Дневник, година XVIII, број 5482, среда, 4 јуни 2014, стр. 23.

Наводи

Категорија:Српски ракометари Категорија:Шпански ракометари Категорија:Југословенски ракометари Категорија:Ракометари на РК Вардар Категорија:Југословенски спортисти Категорија:Родени во 1979 година