Вромероскала или Вромоскала (, Паралија; до 1950 г. Βρωμερόσκαλα, ВромероскалаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρωμερόσκαλα -- Παραλία) — туристичко село на брегот на Егејското Море во Егејска Македонија, денес во Грција. Се наоѓа на 4 километри од градот Катерина во подножјето на планината Олимп. Има песочна плажа долга 3 километри која се протега сè до соседното место Олимпски Брег (Олимпијаки Акти). Населението брои 1.849 жители (2011).

Ова место, денес наречено Паралија, едно од најпопуларните места за летување на македонските посетители и има неколку дискотеки.

Историја Во 1928 г. во селото се доведени доселеници од Анадолија, наполно заменувајќи го дотогашното месно население. Ова биле 32 семејства со вкупно 115 жители.

Поврзано Катерина (општина)

Наводи

Категорија:Катерина (општина)