Херојски Град Негуш или само Негуш (, Димос Ироикис Полеос Наусас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Негуш.

Населени места Општината Негуш е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на три стари општини: Негуш, Антемија и Иринуполи.

''Напомена: Називите на општините „Антемија“ и „Иринуполи“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Антемија Општинската единица Антемија со седиште во село Копаново (Копанос) опфаќа 7 села во областа Сланица: десно|мини|Поранешната општина Антемија на картата на некогашниот округ Иматија

Општински оддел Копаново село Копаново (Κοπανός, Копанос)

Општински оддел Голишани село Голишани (Λευκάδια, Левкадија)

Општински оддел Долно Копаново село Долно Копаново (Χαρίεσσα, Хариеса)

Општински оддел Миноштица село Миноштица (Μονόσπιτα, Моноспита)

Општински оддел Пископија село Пископија (Επισκοπή, Епископи)

Општински оддел Цармариново село Цармариново (или Црно Мариново; Μαρίνα, Марина) село Фетица (Πολλά Νερά, Пола Нера)

Општинска единица Негуш Општинската единица Негуш го опфаќа градот Негуш, 9 села и еден туристички центар во областа Сланица: десно|мини|Поранешната општина Негуш на картата на некогашниот округ Иматија

Општински оддел Негуш град Негуш (Νάουσα, Науса) Станица Негуш (Σταθμός Νάουσας, Статмос Наусас) село Горно Шел (Άνω Σέλι, Ано Сели) село Гимново (Νέα Στράντζα или Ροδακινέα, Неја Странѕа или Родакинеја) туристички центар Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос)

Општински оддел Аркудохор село Аркудохор (Αρκοχώρι, Аркохори)

Општински оддел Голема Река село Голема Река (Ροδοχώρι или Μέγα Ρέμα, Родохори или Мега Рема) село Држилово (Μεταμόρφωση, Метаморфоси) село Куцуфљани (Άγιος Παύλος, Агиос Павлос)

Општински оддел Јанаково село Јанаково (Γιαννακοχώρι, Јанакохори)

Општински оддел Хоропан село Хоропан (Στενήμαχος, Стенимахос)

Општинска единица Иринуполи Општинската единица Иринуполи со седиште во село Берска Вештица (Ангелохори) опфаќа 5 села во областа Сланица: десно|мини|Поранешната општина Иринуполи на картата на некогашниот округ Иматија

Општински оддел Берска Вештица село Вештица Берска (Αγγελοχώρι, Ангелохори)

Општински оддел Воденска Вештица село Вештица Воденска (Πολυπλάτανος, Полиплатанос)

Општински оддел Горно Жервохор село Горно Жервохор (или Горно Червор; Άνω Ζερβοχώρι, Ано Зервохори) село Жервохор (или Червор; Παλαιό Ζερβοχώρι, Палео Зервохори) село Ново Село (Αρχάγγελος, Архангелос)

Поврзано Сланица Негушко востание Список на села во Бер

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Негуш