Кингсли Коман (роден на 13 јуни 1996 година, во Париз) — француски фудбалер, крило на Бајерн Минхен и на француската репрезентација.

Биографија Коман е син на француска двојка по потекло од Гвадалупе.

Во јули 2017 година, тој бил уапсен под сомненија за семејно насилство над неговата поранешна девојка; во септември истата година, тој се изјаснил за виновен пред францускиот правосуден систем, согласувајќи се да ѝ исплати отштета на жртвата.

Технички карактеристики Крилен напаѓач или офанзивен играч од средниот ред многу агилен и брз кој располага со одлична техника; за време на неговите почетоци, тој се сметал за еден од најперспективните млади играчи на неговата генерација на европскиот континент. И покрај тоа, што е природен деснак, тој се чувствува удобно кога почнува од левата страна со оглед на неговата склоност да навлегува кон внатрешноста на шеснаесетникот. Меѓу најголемите квалитети му се вбројуваат додавањата и визијата за играта, способноста да дава асистенции, одличниот дриблинг пресингот и способноста да се враќа за да помогне во средниот ред.

Клупска кариера Париз Сен Жермен Својте први чекори ги направил во Сенар Моиси. На возраст од 9 години, тој се приклучил на тренинг центарот на Париз Сен Жермен, доведен од неговиот татко кој и самиот бил обожавател на клубот.http://www.leparisien.fr/espace-premium/essonne-91/coman-la-dynamite-31-12-2012-2444183.php Тој поминал низ целиот младински систем во клубот, каде бил забележан од експертите за време на натпреварите од Младинската лига.

На 17 февруари 2013, со само 16 години, 8 месеци и 4 дена, тој станал најмладиот играч во историјата на клубот кој дебитирал во Лига 1, влегувајќи на местото на Марко Верати во 87-мата минута од натпреварот загубен со 3-2 од Сошо. Следната сезона ја започнал со освојувањето на Суперкупот на Франција во Габон против Бордо на 4 август 2013; тој го заменил Есекиел Лавеци во 74-тата минута, и по влегувањето помогнал парижаните да постигнат два гола и да победат со 2-1. Откако не добил простор во првиот тим, одлучил да не го продолжи договорот со клубот и да замине.

Јувентус

Во летото 2014, на осумнаесет години, Коман како слободен играч му се приклучил на италијанскиот клуб Јувентус. Дебитирал во црно-белиот дрес на 30 август, започнувајќи во првиот натпревар од Серија А за сезоната, победа од 1-0 на домашен терен над ; во продолжението на сезоната тој го постигнал својот прв гол за Јувентус на 15 јануари 2015 година, поставувајќи го конечниот резултат 6-1 во победата над во натпреварот од осминафиналето на Купот на Италија. На крајот од неговата прва година во Торино, и покрај тоа што бил дел од втората постава на клубот, тој можел да се пофали со освојување на „двојната круна“ националното првенство и купот, а исто така одиграл и дел од финалето на Лигата на шампиони кое „бјанконерите“ го загубиле против .

Тој ја започнал сезоната 2015-2016 со Јувентус, освојувајќи го Суперкупот на Италија против на 8 август во Шангај, пред изненадувачки да го напушти клубот во последните денови од летниот трансферен прозорец. Вкупно за Јувентус одиграл 22 натпревари и постигнал еден гол.

Бајерн Минхен На 30 август 2015 година, тој се преселил на двегодишна позајмица во германскиот клуб за 7 милиони евра, со опција за откуп поставена на 21 милион евра.

Коман го имал своето деби на 12 септември, заменувајќи го Артуро Видал по 56 минути игра во првенствената победа од 2–1 над Аугсбург на Алијанц Арена. Една недела подоцна, во својот прв старт, тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб, во победата од 3–0 над Дармштат 98. Една недела подоцна, тој постигнал нов гол во победата со истиот резултат против . На 24 ноември, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата од 4–0 над Олимпијакос. Искуството во Германија првично се покажало како подобро од претходните, така што Коман, користејќи ги отсуствата на соиграчите како што се Марио Геце, Арјен Робен и Франк Рибери, во првиот дел од сезоната си заработува простор во составот на „Баварците“, уживајќи ја и довербата на тренерот Пеп Гвардиола. Во март 2016, откако асистирал за израмнувачкиот гол на Томас Милер во 91-вата минута, во продолжението тој погодил против својот поранешен тим, Јувентус, во победата со 4-2 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Својата прва сезона во Германија ја завршил освојувајќи втора последователна „двојна круна“, откако Бајерн победил во Бундеслигата и Купот на Германија.

Од друга страна, втората година во „Die Rotten“ била негативна, со тоа што играчот паднал во хиерархијата по доаѓањето на новиот тренер Карло Анчелоти; Сепак, тој ја освоил својата втора титула во Германија, а на 27 април 2017 година, Бајерн Минхен ја искористил опцијата за целосно купување на играчот.

Сезоната 2017-2018 била одлична за Коман: тој одиграл 32 натпревари, забележувајќи 7 гола и 8 асистенции до крајот на февруари, кога заработил повреда на глуждот за време на натпреварот против Херта одигран на 24 февруари 2018. Иако не му ја завршила сезоната, повредата барала операција која го извадила надвор од терените речиси за целиот пролетен период. Сепак, тој се опоравил на време за финалето на Купот на Германија, загубено со 1-3 од , во кое влегол како замена во 70-тата минута на местото на Томас Милер.

Првиот натпревар за Бајерн Минхен во следната сезона, го одиграл на 12 август 2018 година, влегувајќи како замена и постигнувајќи го четвртиот гол за „Баварците“ во победата од 5–0 над Ајнтрахт Франкфурт, со која неговиот тим го освоил Суперкупот на Германија. Дванаесет дена подоцна, во првиот натпревар од сезоната во Бундеслигата, тој претрпел кинење на синдесмозниот лигамент над левиот глужд во натпреварот против Хофенхајм. Повредата била слична на онаа што играчот ја заработил во претходната сезона, кога бил надвор од теренот речиси три месеци. Коман се вратил од повредата на 1 декември 2018 година, кога влегол како замена против Вердер Бремен во победата од 2–1. Две недели подоцна, тој го одиграл својот 100-ти натпревар за Бајерн во победата од 4–0 на гости против Хановер. На 18 мај 2019 година, Коман ја освоил својата четврта последователна титула во Бундеслигата и својата седма последователна првенствена титула во кариерата од 2013 натаму. Една недела подоцна, тој го освоил својот втор Куп на Германија, откако Бајерн го победил РБ Лајпциг со 3–0 во финалето, при што тој го постигнал вториот гол.

thumb|left|Коман играјќи за Бајерн Минхен во натпревар од Бундеслигата против во април 2019 Во сезоната 2019-2020, Коман придонел со 38 настапи и 8 гола во сите натпреварувања за освојувањето на „тројната круна“ на германскиот клуб. На 23 август 2020, тој го постигнал единствениот гол во финалето на Лигата на шампионите, со кој Бајерн го совладал Париз Сен Жермен со 1-0. Голот го означил Коман како првиот играч во историјата на натпреварувањето кој постигнал гол во финалето против поранешен клуб.

Во следните три сезони, тој освоил уште три првенствени титули со Бајерн, пред да дојде сезоната 2023-2024, која била неговата прва и единствената во клубот во која тој не освоил ниту еден трофеј.

За време на сезоната 2024-2025, Бајерн се вратил на тронот во Бундеслигата, а Коман придонел за својата деветта титула на индивидуално ниво во натпреварувањето со 28 настапи и 5 гола.

Репрезентативна кариера

Коман ја претставувал својата земја во категориите под 16, под 17, под 18 и под 19 години.

На 2 јуни 2014 година, на возраст од само 17 години, Коман го направил своето прво појавување во репрезентацијата под 21 година, започнувајќи како стартер во победата со 6-0 во пријателски натпревар против против Сингапур. Патем, тој исто така, го постигнал и четвртиот гол за Франција во 44-тата минута.

На 5 ноември 2015 година, Коман за првпат бил повикан во сениорскиот состав на Франција за пријателските натпревари против Германија и Англија. Тој го имал своето деби, осум дена подоцна на Стад де Франс, влегувајќи како замена во 69-тата минута на местото на Антони Марсијал во победата од 2–0 над тогашниот светски шампион Германија, натпревар кој останал во сенка на пукањата и експлозиите околу стадионот. На 29 март против Русија, во првиот натпревар на теренот по нападите, Коман го заменил повторно Марсијал на полувремето и го постигна својот прв гол за репрезентацијата на асистенција од Димитри Паје, потврдувајќи ја победата од 4–2.

Во мај 2016 година, Коман бил избран во составот од 23 играчи на селекторот на Франција, Дидје Дешан, за Европското првенство 2016, на кое тие биле домаќини. Како резултат на неговите настапи во текот на турнирот, на кој неговата нација стигнала до финалето, во кое загубила со 1–0 од Португалија по продолженија, Коман бил номиниран за наградата Млад играч на турнирот, која на крајот му припаднала на португалецот Ренато Санчеш. Две години подоцна, Коман бил еден од единаесетте играчи кои бил ставени на резервниот список на репрезентацијата за Светското првенство 2018 во Русија. Подоцна, тој самиот се повлекол од учеството на Мундијалот, поради повреда на глуждот.

По подолга пауза, тој се вратил во репрезентацијата на 4 јуни 2019, играјќи како замена во второто полувреме во пријателскиот натпревар против во Нант добиен со 2-0. Последователно, тој учествувал на Европското првенство 2020, на кое триколорите шокантно биле елиминирани во осминафиналето од . На 9 ноември 2022, бил повикан во составот на Франција за Светското првенство 2022 во Катар. И покрај, тоа што не бил во почетните единаесет на Дешан. тој настапил во шест наврати за време на турнирот, пропуштајќи го само полуфиналето, кое французите го добиле со 2-0 над ; на 18 декември, тој го заменил Усман Дембеле во 40-тата минута од финалето против , загубено на пенали, пришто Коман бил еден од двајцата француски играчи што не успеале да реализираат удар од белата точка.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 19 април 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Л1 1 0 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0 2013-2014 Л1 2 0 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 0 0 СФ 1 0 3 0Вкупно Париз Сен Жермен 3 0 0 0 0 0 1 0 4 0 2014-2015 А 14 0 КИ 4 1 ЛШ 2 0 СИ 0 0 20 1 авг. 2015 А 1 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 1 0 2 0Вкупно Јувентус 15 0 4 1 2 0 1 0 22 1 2015-2016 БЛ 23 4 КГ 4 0 ЛШ 8 2 СГ 0 0 35 6 2016-2017 БЛ 19 2 КГ 3 0 ЛШ 2 0 СГ 1 0 25 2 2017-2018 БЛ 21 3 КГ 5 2 ЛШ 6 2 СГ 1 0 33 7 2018-2019 БЛ 21 6 КГ 5 2 ЛШ 3 1 СГ 1 1 30 10 2019-2020 БЛ 24 4 КГ 4 1 ЛШ 9 3 СГ 1 0 38 8 2020-2021 БЛ 29 5 КГ 0 0 ЛШ 7 3 СГ+СУ+Скп 1+0+2 0 39 8 2021-2022 БЛ 21 6 КГ 1 0 ЛШ 9 2 СГ 1 0 32 8 2022-2023 БЛ 24 8 КГ 3 0 ЛШ 7 1 СГ 1 0 35 9 2023-2024 БЛ 17 3 КГ 2 0 ЛШ 7 2 СГ 1 0 27 5 2024-2025 БЛ 24 5 КГ 2 1 ЛШ 11 1 Скп - - 37 7Вкупно Бајерн Минхен 223 46 29 6 69 17 10 1 331 70Вкупно во кариерата 241 46 33 7 71 17 12 1 357 71

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Франција20152020169120174020180020197320204120211002022100202393202430Вкупно588

Титули Клупски Париз Сен Жермен Лига 1 : 2 2012-2013, 2013-2014 Суперкуп на Франција : 1 2013 Лига куп на Франција : 1 2013-2014

Јувентус Серија А : 1 : 2014-2015 Куп на Италија : 1 2014-2015 Суперкуп на Италија : 1 2015

Бајерн Минхен Бундеслига : 9 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023, 2024-2025 Куп на Германија : 3 2015-2016, 2018-2019, 2019-2020 Суперкуп на Германија : 6 2016, 2017, 2018, 2020, 2021, 2022 Лига на шампиони : 1 2019-2020 Суперкуп на УЕФА : 1 2020 ФИФА Светско клупско првенство : 1 2020

Наводи

Надворешни врски

Кингсли Коман на soccerway Кингсли Коман на transfermakt Кингсли Коман на whoscored Кингсли Коман на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата