Карелски (karjala, karjal или kariela) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Карелскиот се зборува во руската Република Карелија. Карелскиот е сроден со финскиот јазик и некои фински јазичари го сметаат карелскиот за дијалект на финскиот јазик.
Денес нема стандарден карелски јазик, па така секој писател си користи одреден дијалект. Пишаните норми биле развиени за севернокарелскиот, односно олонецкиот, тверскиот и лјудскиот дијалект. Сите дијалекти, освен тверскиот, се пишуваат на латиница.
Класификација Карелскиот е дел од балтофинските јазици, од семејството на уралски јазици. Јазикот е сроден со финскиот јазик. Финскиот и карелскиот имаат заеднички предок, пракарелскиот, кој се зборувал покрај брегот на езерото Ладога. Карелскиот создава дијалектен континуум со финскиот.http://www.helsinki.fi/hum/sugl/oppimat/imsjohd/suomi.html Порано финските јазичари го сметале јазикот за дијалект на финскиот, но денес не е така. Покрај овие два, во оваа група е и естонскиот јазик.
Распространетост Карелскиот го зборуваат нешто над 30.000 лица во Русија, повеќето во Карелија. Карелскиот исто така се зборува во Финска, каде се проценува дека има околу 5.000 лица. Поради војните и регрутациите во минатото, Карелијците во Финска не сочинуваат една компаткна заедница, туку се расштркани низ земјата.
Статус Во Република Карелија јазикот е признат за малцински јазик. Од 1990-те има движење во Републиката кое се залага за давање службен стгатус на јазикот во Карелија. Карелијците во Тверската област имаат национално-културна автономија и имаат право на употреба на карелскиот во училиштата и медиумите. Во Финска, јазикот е признат како нерегионален национален малцински јазик.
Поврзано Република Карелија Русија Карелијци Фински јазик
Наводи
Надворешни врски
Народите од Црвената книга: Карелијци Страница на карелијски јазик Карелскиот јазик на Омниглот Граматика на карелскиот јазик Часови по карелски јазик Краток карелски разговор Карелско-руско-фински речник Карелско-фински речник
Категорија:Балтофински јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Финска Категорија:Карелија