Екипен пласман на Тур де Франс — награда доделувана на велосипедската екипа Тур де Франс за најдобра екипа на трката. Започнала да се доделува од 1930 година, а начинот на пресметка бил менуван низ годините. Не постои маичка за овој пласман, но броевите на маичките на членовите на екипата со најдобар генерален пласман на крајот на претходната етапа биле со жолта позадина, наместо вообичаената бела.
Пресметка
До 2011 година, екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по завршена етапа; временските бонуси и казните не се пресметувале. Во екипниот хронометар, екипата го добива времето на петтиот возач од екипата кој ја поминува целта или последниот возач, ако се помалку од пет возачи. Ако екипата има помалку од тројца останати велосипедисти, екипата се повлекува од пласманот.
Статус
Екипниот пласман се смета за помалку важен во споредба со (поединечниот) генералниот пласман и ретко некоја екипа има за цел да победи во екипниот пласман. Ако во текот на трката, екипата се најде во добра положба да го освои екипниот пласман, екипата можеби ќе ја смени тактиката со цел да победи.
Кога Ленс Армстронг ги изгубил надежите за победа на Тур де Франс 2010, им наредил на неговите колеги да ги држат нивните главни соперници во екипниот пласман и неговата екипа, , го освоил екипниот пласман.
Добриот резултат во екипниот плас2ман може да ѝ помогне на екипата да се квалификува за наредниот Тур де Франс. Во 2010 година, системот бил поставен да одреди кои екипи ќе бидат UCI World Tour екипи, а екипниот пласман на Тур де Франс бил дел од системот.
Историја
Во текот на првите години на Тур де Франс, велосипедистите возеле како поединци. Иако имале спонзори, не им биле дозволени да бидат дел од екипа, бидејќи организаторот на трката Анри Дегранж сакал да се види силата на поединците. Во тие години, велосипедистите исто така можеле да учестуваат без спонзори. Тие биле категоризирани под различни имиња: 1909-1914: Изолес 1919: Категорија Б 1920-1922: 2. класа 1923-1926: Туристес-Рутиерс 1937: Поединци
Во 1930 година, Анри Дегранж се откажал од идејата дека велосипедистот треба да се трка поединечно и го променил системот во борба на екипи. Сè уште бил против учество на спонзори, па така велосипедисти биле групирани во земји. Оваа состојба на Тур постоела во периодите 1930–1961 и 1967–1968. Помеѓу 1962 и 1966 година и по 1969 година, можеле да учествуваат и спонзорирани екипи.
При влезот на екипите во 1930 година била воведена и награда за победничката екипа.Официјална историја на Тур де Франс Во 1930 година, пласманот бил пресметуван со додавање на времињата на тројцата најдобри возачи во генералниот пласман.
Во 1961 година, системот бил променет. Екипниот пласман бил променет во бодовен систем, каде екипата добивала еден бод за најдобро екипно време на етапата, а екипата со најмногу бодови била победник. Овој систем исто така бил користен во 1962 година, но во 1963 година пресметката била вратена на времињата. Во 1970-тите, овој систем бил повторно воведен како екипен бодовен пласман, иако во различен облик: по секоја етапа, сите велосипедисти добивале бодови (1 за победникот, 2 за вториот, итн.) и овие биле додавани, а екипата со најмалку бодови била победник на екипниот бодовен пласман.
До 1990 година, предводниците на екипниот пласман можеле да се препознаат по жолтите капи. Од 2006 година, најдобрата екипа носи црни броеви на жолта позадина на нивните дресови. Почнувајќи од 2012 година, најдобрата екипа добила право, но не и обврска, да носи и жолти кациги.http://www.letour.fr/le-tour/2012/us/stage-1/news/int/team-standings-sky-s-yellow-helmet.html
Победници во екипниот пласман
+Победници во екипниот пласманLe tour en chiffresГодинаЕкипа 1930 1931 1932 1933 1934 1935 1936 1937 1938 1939 БНекои години, земјите учествувале со повеќе екипи. Во 1939 година, Белгија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата Б. Во 1948 и 1950, Белгија го освоила со екипата А. Во 1949 година, Италија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата А. 1947 1948 A 1949 A 1950 A 1951 1952 1953 1954 1955 1956 1957 1958 1959 1960 1961 1962 Сен Рафаел 1963 Сен Рафаел 1964 Пелфорт 1965 Кас 1966 Кас 1967 1968 1969 Фаема 1970 Салварани 1971 Бик 1972 Жан-Мерсие 1973 Бик 1974 Кас | ГодинаЕкипа 1975 Жан-Мерсие 1976 Кас 1977 ТИ-Рали 1978 Мико-Мерсие 1979 Рено 1980 Мико-Мерсие 1981 Пежо 1982 Коп-Мерсие 1983 ТИ-Рали 1984 Рено 1985 Ла Вие Клер 1986 Ла Вие Клер 1987 Систем У 1988 ПДМ 1989 ПДМ 1990 З-Пежо 1991 1992 1993 1994 Фестина 1995 1996 Фестина 1997 1998 1999 2000 Келме 2001 Келме 2002 ОНСЕ 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Победници во екипниот бодовен пласман
Помеѓу 1973 и 1989, постоел дополнителен екипен бодовен пласман.
+Победници во екипниот бодовен пласманГодинаЕкипа 1973 Жан-Мерсје 1974 Жан-Мерсје 1976 Жан-Мерсје 1977 Пежо 1978 Рали 1979 Рено 1980 Рали 1981 Пежо 1982 Рали 1983 Рали 1984 Панасоник-Рали 1985 Ла Вие Клер 1986 Панасоник 1987 Систем У 1988 ПДМ
Наводи
Категорија:Тур де Франс