Пласман за млад возач на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој постои од 1975 година. Освен во периодот 1989-1999, предводникот на пласманот за млад возач ја носел белата маичка. Условите за да можеш да учествуваш во пласманот за млад возач се менувале низ текот на годините, но секогаш биле такви да искусните велосипедисти не можат да учествуваат, понекогаш исклучувајќи ги велосипедистите по одредена возраст, велосипедисти кои претходно настапиле на Тур де Франс или велосипедисти кои биле професионалци повеќе од две години. Во поново време, само велосипедисти под 26-годишна возраст смеат да учествуваат во пласманот.
Историја
Од 1968 до 1975, се доделувала белата маичка на Тур де Франс за предводникот во комбинираниот пласман (најдобар возач во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман). Во 1975 година, овој пласман бил отстранет и заменет со пласманот за најдобар млад возач. Секој нов професионалец (помалку од три години професионално возење) учествувал во овој пласман, кој бил пресметуван користејќи ги резултатите од генералниот пласман.Cycling Revealed Предводникот во пласманот за млад возач ја носел белата маичка.
Правилата за пласманот за млад возач се измениле во 1983 година, кога пласманот бил отворен само за натпреварувачите кои возат по првпат, но во 1987 година било изменето и им бил дозволено учество на сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката.Одредби за трката 2011 Во периодот 1989-1999, белата маичка повеќе не се доделувала, иако пласманот бил сè уште пресметуван. Од 2000, белата маичка повторно била доделувана, отворена за сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката. Во 1997 година, името на пласманот било официјално променето во „Сувенир Фабио Казартели“. Чешкиот автомобилски производител Шкода е спонзор на белата маичка откога го преземал спонзорството на Тур де Франс од ФИАТ во 2003.
Победници
Откако бил воведен пласманот за млад возач во 1975 година, бил освоен од 29 различни велосипедисти. Од нив, шест велосипедисти, исто така, ја освоиле жолтата маичка во текот на нивните кариери (Фињон, Лемонд, Пантани, Улрих, Контадор и Шлек). Во четири случаи, велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач, го освоил и генералниот пласман во истата година — Фињон во 1983, Улрих во 1997, Контадор во 2007 и Шлек 2010. Единствениот велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач и планинскиот пласман во истата година е Наиро Кинтана во 2013 година. Единствените велосипедисти кои го освоиле пласманот за млад возач повеќепати се Марко Пантани (двапати), Улриј (трипати — исто така завршувајќи прв или втор во генералниот пласман на сите овие трки) и Анди Шлек (трипати).http://autobus.cyclingnews.com/road/2009/tour09/?id=/results/history/tdfhistory#youth
ГодинаВелосипедистЕкипаМесто во ГП1975Филотекс7.1976Кас-Кампањоло23.1977ТИ-Рали5.1978ТИ-Рали8.1979Рено5.198012.1981Капри Зоне5.1982Пежо5.1983Рено1. 20п1984Рено3.1985Кафе де Колумбија8.1986Ла Вие Клер4.19877-119.1988Панасоник12.1989Филипо завршил 24. на овој Тур, четири места зад 24-годишниот Алберто Луис Камарго, кој би го освоил пласманот за млад возач, ако неговиот спортски директор го пријавел за пласманотТошиба24.1990Хелветија15.1991Ријалко19.1992Панасоник-Спортлајф14.1993Амаја Сегурос12.19943.199513th19962.19971. 20п19982.199916.20009.20017.2002Фаса Бортоло11th200311.200413.200512.200612th20071. 20п200812.20092.20101. 20п201110.20125th20132. 20п20143.20152.20164.20177.201813.20191. 20п
ГП = Генерален пласман
По националност
+Победници на пласманот за млад возач по националностДржаваБр. на велосипедистиБр. на победи88455555452413332222111111
Наводи
Категорија:Тур де Франс