Кејлор Антонио Навас Гамбоа (роден на 15 декември 1986) — костарикански фудбалер, голман на Париз Сен Жермен и костариканската репрезентација.

По стартувањето во Саприса, поголемиот дел од кариерата го поминал во фудбалскиот клуб Леванте.

За репрезентацијата на Костарика одиграл преку 60 натпревари, учествувал на два КОНКАКАФ златен куп и на Светското првенство во 2014 година во Бразил на кое репрезентацијата на Костарика стигнала до четврт финалето.

Навас на 3 август 2014 година преминал во Реал Мадрид од Леванте за 10.000.000 € и потпишал шестогодишен договор со клубот. Навас своето деби за Реал Мадрид го имал на 23 септември 2014 година во победата од 5:1 против Елче.Откако Икер Касиљас го напуштил Реал Мадрид во јули 2015 година Навас станал прв голман во сезоната 2015-16 година.

Надворешни врски

Официјален пКостарике одиграорофил Профил на „BDFutbol“

Профил на „Soccerway“

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Голмани Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалски голмани