Мануел Санчис Хонтиуело (роден во Мадрид, 23 мај 1965) — поранешен шпански фудбалер, дефанзивец.
Клупска кариера Маноло ја започнал својата кариера во Реал Мадрид и ги поминал сите млдински категории во клубот. За Реал дебитирал 4 декември 1983. Бил дел од легендарната постава на Реал наречена Quinta del Buitre (превод на мак. Петте орли). Во текот на следните 15 сезони станал еден од најважните играчи на клубот, а капитенската лента ја носел цели 13 години. Играјќи за Реал, Санчис освоил 8 титули Првак на Шпанија, два шпански купа, 5 суперкупа, и по две титули во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.
Во 2001 година, на возраст од 36 години Санчис ја завршил кариерата со одиграни преку 500 првенствени натпревари. Еден е од ретките играчи кој целата кариера ја поминал во еден клуб.
Репрезентативна кариера Санчис настапувал за младите селекции на Шпанија под 18 и под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го имал на 12 ноември 1986, против Романија. Вкупно во кариерата одиграл 48 натпревари за Шпанија и постигнал еден гол. Неговиот последен натпревар во националниот дрес го имал на 11 март 1992 против САД.
Титули Реал Мадрид Лига на шампиони (2): 1998., 2000. Куп на УЕФА (2): 1985., 1986. Интерконтинентален куп (1): 1998. Шпанска лига (8): 1986., 1987., 1988., 1989., 1990., 1995., 1997., 2001. Копа дел Реј (2): 1989., 1993. Шпански суперкуп (5): 1988., 1989., 1990., 1993., 1997. Шпански лига куп (1): 1985.
Надворешни врски Маноло Санчис на soccerway Маноло Санчис на transfermakt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Родени во 1965 година