Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ — македонски театар, сместен во Велес, Македонија.

Историја Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ е основан во 1949 година. Театарот е наречен по македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот, кој потекнува од Велес.

На 26 јуни 2014 година била пуштена во употреба новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Изградбата на зградата, која зафаќа површина од 4.200 квадратни метри, траела шест години, а таа чинела 12 милиони евра.

Организација и управа Директор на театарот е глумецот Јордан Витанов, а уметнички директор е Васил Зафирчев.„Шестиот кат вечерва премиерно во Велес“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 14.

Претстави „Шестиот кат“ (според раскази на Драги Михајловски) - режија: Дејан Дамјановски; сценографија: Кирил Василев; костимографија: Елена Дончева; музика: Сашко Костов, 2015.

Поврзано Велес

Наводи

Категорија:Театри во Македонија