Свети Архангел Михаил — пештерна црква во струшкото село Радожда, Македонија.
Црквата е сместена во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над селото Радожда. Таа е прогласена за културно наследство на Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена западно од селото во висока пештера. До црквата води уредена пешачка патека, која започнува од две места во селото Радожда.
Историја
Црквата потекнува од средниот век, односно била изградена во век.
Ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 2011 година имало обид за кражба во црквата, каде сторителот извршил пребарување, а откако не одзел ништо го напуштил местото. Истата ноќ, во другата селска црква „Св. Никола“ била извршена тешка кражба, каде биле украдени 12 вредни икони кои потекнуваат од XIX век како и еден сребрен крст со подлошка.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Истата е во задоволителна состојба.
Фрескоживопис
Живописот во црквата е доста добро зачуван. Најстарите слоеви од сликарството датираат од XIII век. Втората сликарска фаза е од крајот на XIV-почеток на XV век, а последната сликарска фаза е од крајот на XVII и почетокот на XVIII век.
Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од XIV век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од XIII век, со претстава „Чудото во Хона“ — насликана во чест на патронот кому е посветена црквата. Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.
Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на XIV век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници. Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од XIV век.
Состојбата на ѕидното сликарство е лоша, а особено лоша е во наосот, нартексот и олтарниот простор, при што се забележува одвојување на сликарскиот малтер од основата со ризик за отпаѓање.
Икони и иконостас
Црквата поседува мал дрвен иконостас, кој заедно со чесниот крст е изработен од Јаков Мажовски.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Трета струшка парохија Радожда
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија Фрески во црква "Св.Архангел Михаил" во с. Радожда Црквата Св. Архангел Михаил" избрана во конкуренција меѓу 146 споменици во светот, Утрински вестник, 16 октомври 2006 Пештерна црква Св. Архангел Михаил - с. Радожда
Радожда Категорија:Калишки манастир Архангел Михаил Категорија:Дела на Дебарската школа