Патрона Халил (, околу - во ) ― потикнувач на востанието од 1730 година кое довело до симнување на султанот Ахмед III и негова замена со Махмуд I со кое завршила ерата на лалињата*Altınay, Ahmet Refik (Hrz. Haydar Ali Dirioz), (1973) Lale Devri.

Халил по потекло бил Албанец од Македонија. Станал дел од јаничарскиот корпус и по крајот на јаничарскиот бунт во Ниш и Видин се преселил во Константинопол. Во Галата, тој работел како трговец а имал и меана. Востанието започнало кога група бунтовници започнале со немири во Константинопол поради луксузниот живот на дворските чиновници. Бунтот започнал пред Бајазидовата џамија, а самите трговци ги затвориле своите продавници и се приклучиле кон бунтот. Султанот Ахмед III за да ги задоволи нивните барања наредил погубување на Ибрахим Паша. По крајот на бунтот империјата била во рацете на бунтовниците. Патрона Халил го однесел новиот султан во Ејуп џамијата каде официјално пред мечот на Осман бил прогласен и поставен на функцијата.

Еден грчки трговец, Јанаки, кој претходно му позајмил пари за поддршка на бунтовниците бил поставен како господар на Молдавија и покрај тоа што тој никогаш не ја презел таа функција. Кримскиот хан, заедно со големиот везир, муфтијата и агите на јаничарите успеале да го задушат востанието, а Патрона бил убиен во присуство на султанот.Sakaoğlu, Necdet, Bu Mülkün Sultanları, say. 325-331. Неговиот грчки пријател заедно со околу 7,000 други исто така биле убиени.

Наводи

Категорија:Отоманци од 18 век Категорија:Востанија против Отоманското Царство Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Родени во непозната година Категорија:Македонски Албанци Категорија:Отомански Албанци