Рафаел Моше Камхи наречен „Војвода Скендербег“ (15 декември 1870 - 1970) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од најистакнатите еврејски членови на Македонската револуционерна организација. Познат е како мошне значаен финансиер на МРО.Петар Карајанов, Рафаел Моша Камхи - илинденски деец од еврејско потекло

Животопис

Во 1894 година се запознал со Даме Груев и влегол во ТМОРО. Учествува во Аферата Мис Стон. Во 1903 е депортиран заедно со брат му Ментеш во Дебар. Се поврзал со тамошната организација и под името Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско, а потоа и во Малесија.

Длабоко разочаран од делбите на Македонија и од решенијата на Версајската конференција во 1919 година, Рафаел Камхи се преселил од Софија во Солун. Во текот на Втората светска војна е подложен на иследување и тортура од нацистите и од грчките колаборационисти и е затворен во 1943 година. Благодарение на ангажирањето на Македонскиот научен институт, Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските братства од Софија и со ангажирање на бугарската влада е издејствуван посебен третман за Рафаел Камхи, како заслужен Бугарин. Целото негово семејство завршило во злогласните логори на Треблинка.

По војната извесен период живее во Софија, а по 1950 се преселува во Тел Авив, каде што починал во длабока старост во 1970 година. Камхи е автор на книга спомени, кои како несредени ракописи ги депонирал во Еврејскиот институт во Софија, а подоцна еден примерок е депониран и во Архивот на Македонија.

Наводи

Надворешни врски Рафаел Камхи, единствениот македонски Евреин Илинденец“

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски Евреи Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Починати во 1970 година Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација